2.8 C
Скопје
14:37 - 23 декември, 2024

Група експерти предупредуваат дека шведската тактика пропадна: Радикално да се промени пристапот

Шведска го премина прагот од 1300 смртни случаи предизвикани како псоледица од новиот Корона вирус, далеку надминувајќи го бројот во соседните земји. Но, властите наведуваат дека можеби се близу до врвот на епидемијата, додека експертите и понатаму се сомневаат дека тоа е резултат на благите мерки кои ги превзеде државата.

Луѓе во кафе-ресторан уживаат во сончевото време претходниот викенд во Стокхолм, Шведска / 11 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Anders Wiklund SWEDEN OUT

Шведската јавна здравствена агенција, во средата објави дека од инфекција со Корона вирус досега умреле 1333 лица што е голема стапка, 118 мртви на милион жители, во споредба со Данска каде овој сооднос е 55 на милион жители, а во Финска 13, држави кои наметнаа строги мерки од самиот почеток од избивање на епидемијата, пишува „Гардијан “.

Според статистичките податоци, во Шведска од корона вирус заболеле 12.540, а се опоравиле 381 лице. Бројката во Шведска е значително голема доколку предвид се земе Германија, каде на милион жители, починале 42 лица. Сепак, во споредба со Британија бележи помал број на смртни случаи каде стапката е 182 на милион, Италија 349 и Шпанија 399.

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, предупредува дека вистинските бројки во неговата земја би можело да бидат многу полоши, бидејќи не се пријавени сите смртни случаи поради четиридневните велигденски празници.

Неговиот заменик, Андерс Валенстен, вели дека бројот на нови случаи на заразата почнал да опаѓа и дека е „внимателно оптимистичен“ додека Шведска се приближува кон врвот на епидемијата. Властите тврдат и дека здравствениот систем во моментот одлично се справува со заразата.

Владата во Шведска ги поттикнува граѓаните на лична одговорност и превземање мерки за социјално дистанцирање и хигиена, и не се залага за воведување строги задолжителни правила и изолација. Училиштатат работат за учениците помлади од 16 години, а работат и ресторани и други јавни објекти, собирите се ограничени на 50 луѓе.

Меѓутоа отткако бројот на смртни случаи од корона порасна, група од 22 лекари, виролог и истраѓувач, во вторникот во текст во весникот „Дагенс Нихтер“ наведуваат дека пристапот на Шведска мора да се промени радикално и брзо. Групата ја обвини владата дека нема добра стратегија, укажувајќи притоа на големата стапка на смртност во однос на соседните земји.

Млад волонтер им нуди средство за дезинфекција на раце на луѓе кои поминуваат низ Тентса, дистрикт кој е дом на многу мигранти во Шведска / 12 април 2020 / Фото. EPA-EFE/Ali Lorestani SWEDEN OUT

„Би сакале да мислиме дека и Шведска има стратегија за иднината, особено затоа што нашата земја од секогаш имала различен начин на соочување со инфекцијата од остатокот од светот“, пишуваат експертите укажувајчи притоа на поагресивните мерки на Финска.

„Како што се шири вирусот, неопходно е зголемување на социјалното дистанцирање како и затворање на училиштата и рестораните. Секој кој работи со постари лица мора да носи соодветна заштитна опрема. Карантин за цели семејства доколку еден нивни член е болен. Владата мора да избере претставници кои ќе интервенираат бидејќи немаат друг избор“, се вели во писмото.

Тагнел, меѓутоа нервозно ги одби критиките и ги оспори бројките кои се презентирани, пренесе „Форбс“. Тој во конференција за медиуми рече дека шведската стратегија е добро разработена.

Луѓе чекаат ред за влез во Системболагет, продавница за алхохол за да купат пијалоци за Велигден / 9 април 2020, Стокхолм, Шведска / EPA-EFE/Henrik Montgomery, SWEDEN OUT

Групата експерти во текстот особено ги истакнува поселедните три дена пред почетокот на католичкиот велигден: во периодот од 7-9 Април, од Ковид 19 секој ден во Шведска умирале 10,2 лица во однос на милион жители. Во Данска оваа бројка била 2,9, во Норвешка 2,0, а во Финска 0,9.

Тагнел укажа дека некои земји, како Италија бележат само смрт во болниците, поради што е тешко да се споредуваат бројките меѓу различни држави.

Бројот на смртни случаи за кои тие зборуваат не е точен, не соодвестува со Шведските податоци, вели тој.

„Гардијан“ наведува дека главниот епидемиолог истакнал дека иако Шведска можеби има повеќе инфекции краткорочно, нема да се соочи со ризик од нагло зголемување на нови случаи кои можебо ги чека другите земји кога ќе ги укинат своите строги рестриктивни мерки. Тагнел претходно рече дека Шведска и нејзините соседи „се на различни места на кривата“ и дека Шведска „за жал имала големо ширење на заразата во старечките домови, што пак не е забележабо во другите нордиски земји“.

Шведски пристап

Професор од универзитетот Гетеборг, Јан Лотвал, смета дека Швеѓаните не ја разбрале сериозноста на ситуацијата бидејќи добиле нејасни пораки од здравствените претставници и власта. Анкетите покажуваат дека многу Швеѓани и понатаму ја поддржуваат стратегијата на владата. Властите ги затворија средните училишта за ученици постари од 16 години и забранија собирање на повеќе од 50 луѓе, ги замолија луѓето, не им наредија, да ги избегнат непотребните патувања, да работат од дома и да останат во изолација ако се постари од 70 години или болни.

Фотографирано ретходниот викенд во Стокхолм, Шведска / 11 април 2020 / Фото: EPA-EFE/Anders Wiklund SWEDEN OUT

Статистиките покажуваат дека речиси половина од работна сила во Шведска сега работи од дома, употребата на јавниот превоз е намелана за 50 отсто во Стохлом, а улиците во престолнината се за 70 отсто попразни одколку вообичаено. Но, Швеѓаните и понатаму можат да одат во продавници, ресторани, фризерски салони и да ги пуштат децата под 16 години во училиште, па дури и доколку имаат заболен во семејството, пишува „Гардијан“.

Главниот Шведски епидемиолог, пристапот на својата влада го опишува како обид да се овозможи „споро ширење на инфекцијата а здравствените служби да не бидат пренатрупани“, укажувајќи дека е многу важно еден дел од популацијата да стекне имунитет. Тагнел негираше дека владата се обидува да создаде „имунитет на стадо“ на корона вирусот што е стратегија која иницијално ја разгледуваше Велика Британија и Холандија пред да се надмине проектираната стапка на смртни случаи што ги натера да ја сменат тактиката.

Некои експерти шпекулираат дека на шведскиот пристап влијае и демографскиот профил – повече од 50 отсто од домаќинствата се составени од едно лице, односно релативно слаба населеност од околу 25 лица на квадратен километар. За споредба, во Италија оваа последна ставка е 205 луѓе, а во Британија 259.

The post Група експерти предупредуваат дека шведската тактика пропадна: Радикално да се промени пристапот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....