2.8 C
Скопје
17:07 - 22 декември, 2024

ФОТО: „Сакам да шетам без маска“, „Сакам да се бакнувам, да не се плашам од допир“ – желби на Ѕидот на надежта во Перу

Нема човек во светот што не ја доживува тешко оваа пандемија и криза на емотивен, економски и општествен план и токму затоа властите и невладините во Лима се одлучија на граѓаните да им остават ѕид на кој ќе може да ги напишат своите чувства, пораки и желби.

„Повеќе да не носам маска“, „Да можам да ги бакнам своите родители“, „Да одам на плажа, во дискотека, на бесплатни концерти“, се некои од пораките кои луѓето ги оставија на ѕидот во престолнината на Перу, радувајќи му се на животот и надевајќи се дека ова се ќе биде минато.

 

View this post on Instagram

 

¿Has pensado que quieres hacer cuando esta pandemia termine? #cuandoestotermine

A post shared by Cuando Esto Termine… (@cuando_esto_termine_suyai) on

„Ѕидот на надежта“ содржи околу 5.000 пораки испишани со креда на две големи табли и стана атракција во округот Мирафлорес во Лима, главниот град каде живеат 10 милиони жители.

Со доаѓањето на пролетта и завршувањето на карантинот, жителите на Лима повторно излегоа во парковите во кои се поставени табли и на многумина читањето на пораките со желбите „после ковидот“ им стана забава.

 

View this post on Instagram

 

#cuandoestotermine

A post shared by Cuando Esto Termine… (@cuando_esto_termine_suyai) on

„Сакам повторно да го видам своето семејство во Италија“, напишал некој со розова креда. „Сакам слободно да шетам без маска“, зборува една порака испишана со виолетова креда. „Сакам повторно да ве бакнам“, открива некој автор со бела креда.

Желби за патувања, желби за повторна средба со драга личност, сето тоа си најде свое место на таблите чие секој делче е испишано со шарени бои и букви во сите големини.

 

View this post on Instagram

 

#cuandoestotermine

A post shared by Cuando Esto Termine… (@cuando_esto_termine_suyai) on

Некои од нив се многу конкретни „Сакаме во Торино да го гледаме Јувентус“, „Сакам да патувам низ светот“, а други се медитативни: „Сакам да го надоместам изгубеното време“, „Сакам да престанам да се плашам од допири“.

„Стравот е заразен, но и надежта“, објаснува Алехандро Делгадо, претседател на невладиното здружение Суја Колектив кое ја покрена иницијативата.

The post ФОТО: „Сакам да шетам без маска“, „Сакам да се бакнувам, да не се плашам од допир“ – желби на Ѕидот на надежта во Перу appeared first on Слободен печат.


ФОТО: „Сакам да шетам без маска“, „Сакам да се бакнувам, да не се плашам од допир“ – желби на Ѕидот на надежта во Перу was first posted on ноември 1, 2020 at 7:27 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....