Фокс њуз соопшти дека мрежата „по грешка” го отстранила Доналд Трамп од фотографија на која биле и Меланија Трамп (тогаш Меланија Кнаус), Џефри Епстајн и Гијелн Максвел.
Фотографијата, направена од Гети во Мар-а-Лаго во Флорида на 12 февруари 2000 година, била користена на Фокс њуз за време на прилог емитуван во неделата за неодамнешното апсење на Максвел од страна на ФБИ во Њу Хемпшир во врска со нејзината вмешаност во сексуалниот скандал со Епстајн.
Fox News edits Trump out of photo with Jeffrey Epstein and Ghislaine Maxwell at Mar-a-Lago https://t.co/Fx87397x1y pic.twitter.com/SEst77byQY
— Gizmodo (@Gizmodo) July 6, 2020
„Фокс њуз” во прилогот го отстранила Трамп од фотографијата.
Епстин, кој се самоуби минатиот август, додека го чекаше судењето, веќе бил регистриран сексуален престапник кога била направена фотографијата.
– Во неделата на 5 јули, во извештај за Гислејн Максвел за време на вестите, Фокс њуз по грешка го отстрани претседателот Доналд Трамп од фотографија заедно со тогашните Меланија Кнаус, Џефри Епстајн и Максвел, изјави портпарол на Фокс њуз и додаде дека медиумот „жали за грешката”.
The post Фокс њуз „по грешка“ го отстранила Трамп од фотографија со Епстајн и Максвел (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Фокс њуз „по грешка“ го отстранила Трамп од фотографија со Епстајн и Максвел (ВИДЕО) was first posted on јули 7, 2020 at 9:15 am.