-3.2 C
Скопје
03:50 - 23 декември, 2024

Евро-атлантско самоубиство од заседа

Вчудовидувачка е целата опозициска папазјанија што се одвива во последните изброени денови пред распуштањето на Собранието и одењето на предвремени избори. Во „трката со времето“ присуствуваме на неколку „фото-финиши“ помеѓу власта и опозицијата, во кои опозицијата редовно останува кратка „за гради“ пред целната линија.

Ратификацијата на Договорот за членство во НАТО ја остави ВМРО-ДПМНЕ предвидливо збунета, со „почитување на реалноста“ кај оние кои гласаа за ратификацијата, но и со отсуство на 4-5 нејзини пратеници од гласањето во Собранието, со различни толкувања за тоа кој и дали аплаудирал (!?) по ратификацијата на Договорот, како и со отсуство на лидерот на опозицијата од историските фотографии за подигнувањето на знамето на НАТО пред зградата на Собранието.

Сите тие настани дополнително се акцентирани со антиуставното поведение на техничката министерка Мизрахи, директно во спротивност со барањата на НАТО во Брисел, искажани на Министерскиот совет на Алијансата на кој присуствува министерката за одбрана Шекеринска, дека НАТО е задоволно од реформите, но очекува ЦЕЛОСНА имплементација на Договорот од Преспа. Ти зборам ќерко, сети се снао…

Тоа значи меѓународен „пас“ за Спасовски да побара смена на Мизрахи, што „повлеквит“ напуштање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието неколку дена пред неговото распуштање, со големи изгледи тоа да се случи откако ќе се усвои Законот за Јавно обвинителство. По што ќе следува и добивањето на датумот за отворање на преговорите со ЕУ.

Дупло, евро-атлантско, „голо“.

Сега, очајнички, опозицијата се обидува да индуцира „политичка криза“ со бура во чаша вода. Само што чашата се наоѓа на дното на Атлантскиот Океан.

Што е право, не може да се оспори дека ВМРО-ДПМНЕ остана цврсто доследна на своите долгогодишни, „груевистички“ ставови за отежнување, на секој можен начин, на евро-атлантскиот пат на државава. Како што не може да се оспори дека тие напори завршуваат залудно, со целосен политички дебакл.

Ваквата евро-атлантска стратегија на опозицијата неодоливо наликува на старата карикатура како кога, методично, лакирате паркет дома и, квадрат по квадрат, ќе се најдете самозаробен во еден од аглите на собата, окружен од сите страни со свежо лакираниот под… Чувството мора да е приглупо.

Со тој меѓународен „капитал“ опозицијата ќе излезе на избори. Всушност, таа се самооткажа од водење меѓународна политика за Македонија. А кога сте мала држава како нашата, барем половина од секоја „домашна“ политичка агенда ви е меѓународна, можеби најмногу во сферата на економијата. Ако не сте придонеле со ништо за политичка и безбедносна интеграција на земјата во регионалните и континенталните макро-текови, каква микро-национална економија предлагате?! Од каде ќе стигнат силните милијарди евра што предизборно се ветуваат, во комбинација со намалување на даноците, за социјален и економски процут на земјата? Од субвенциите за извоз на домати за пинџур и пиперки за ајвар? Т’нка работа.

Оттука, опозициската надеж не е широка изборна поддршка за сопствените политики, туку што помала гласачка поддршка за власта заради отсуството на некои нејзини домашни политики, пред сè во сферата на правото и правдата. Но и во таа сфера опозицијата е лош „адвокат“ на јавниот интерес, бидејќи не може на крадецот да му се верува кога вика „Држете го крадецот“!

Самоволно го пропуштија „големиот бран“ на државната политика и останаа да се „шлапкаат“ во плитката крајбрежна вода на, тук-там, по некоја персонална афера и партиските навивања на социјалните мрежи. Реално, не се чини тоа како успешна стратегија за изгледна изборна победа.

 

Извор: Цивилмедиа

The post Евро-атлантско самоубиство од заседа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....