2.8 C
Скопје
00:55 - 24 декември, 2024

Додека градот спиеше, зачука срце: Успешна првата трансплантација на срце во Македонија

Специјализантот по васкуларна хирургија, д-р Кристијан Бундовски бил дел од тимот кој доцна во ноќта успешно ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија.

„Доцна во ноќта додека градот спиеше во 02:43 часот зачука срце…..Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо….испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде ! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата “Живот” ! Честитки Господа !!!“, напиша д-р Бундовски на Фејсбук.

Министерот за здравство Венко Филипче исто така им честиташе на докторите за успешната трансплантација.

– Трансплантацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги, напиша Филипче.

Првата кадаверична трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор, ја изврши тим од тројца кардиохирурзи под водство на проф. д-р. Сашко Јовев од државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника”, проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина” и анестезиологот д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, воедно и национален координатор за трансплантација.са/

The post Додека градот спиеше, зачука срце: Успешна првата трансплантација на срце во Македонија appeared first on Слободен печат.


Додека градот спиеше, зачука срце: Успешна првата трансплантација на срце во Македонија was first posted on мај 23, 2020 at 9:28 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....