2.8 C
Скопје
13:54 - 23 декември, 2024

Девојките жртви на „ГЕВГЕЛИЈАХАБ” една по една почнале да пријавуваат во полиција дека им се злоупотребени интимните видеа

Откако ,,Слободен печат” вчера објави дека клипови и фотографии со порнографска и експлицитна содржина од жени од Гевгелија масовно се споделуваат во сервиси за четување како Вибер и Месинџер, дел од жртвите на ваквата појава веќе се јавиле во МВР да пријават дека нивните материјали се злоупотребени и посочиле конкретни личности кои ги поседувале овие материјали и можеле да бидат иницијатори од каде тие се прошириле на интернет.

Како што веќе објавивме, до нашата редакција дојдоа десетина видеа и фотографии на кои се гледаа ликови од жени и девојки со експлицитна содржина, а коишто изминатата недела масовно биле споделувани од страна на граѓани во Гевгелија, доведувајќи ги жените во позиција на јавен линч. Беа создавани дури и адаптации на логоа од порнографски сајтови насловени како ,,ГевгелијаХаб”.

Се преземаат активности за расчистување на случајот со групата „Јавна соба” на „Телеграм”

Случајот го пријавивме во полиција, по што жените една по една почнале да се јавуваат во станица и да пријавуваат дека нивните видео материјали се злоупотребени. Најнапред 29 годишна жена, чиј видео материјал бил злоупотребен, вчера во 10 часот во одделението за внатрешни работи Гевгелија пријавила дека на социјални мрежи се препраќани нејзини интимни фотографии кои таа пред околу 4 години му ги пратила на лице од Гевгелија со кого тогаш била во љубовна врска. Денеска пак, во 10 часот изутринава, 24-годишна жена од Гевгелија, исто така, пријавила дека на социјални мрежи без нејзина дозвола се споделувало видео со интимна содржина. Според пријавата, на видеото се гледала пријавителката, а било снимено со мобилниот телефон на лице со кого пријавителката порано била во врска.

Од МВР за ,,Слободен печат” додаваат дека преземаат мерки за расчистување на двата случаи. За случајот реагира и Хелсиншкиот комитет за човекови права од каде посочуваат дека треба конечно да се санкционираат ваквите случаи.

– За Јавна соба се крена прашина, ама не се презема ништо конкретно. Сметам дека не се заштитуваат жените од вакво вознемирување и дека е создадена култура на толеранција на ваквите појави. Во таква ситуација, жените се двојни жртви, зашто постои и дополнителна перцепција кај дел од јавноста дека ,,сами си го барале штом се снимале”. Тоа е недозволиво и се надеваме дека ќе има некој реален исход од целата ситуација и дека сторителите ќе бидат изведени пред суд – ни изјави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

The post Девојките жртви на „ГЕВГЕЛИЈАХАБ” една по една почнале да пријавуваат во полиција дека им се злоупотребени интимните видеа appeared first on Слободен печат.


Девојките жртви на „ГЕВГЕЛИЈАХАБ” една по една почнале да пријавуваат во полиција дека им се злоупотребени интимните видеа was first posted on јули 9, 2020 at 2:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....