-3.2 C
Скопје
21:23 - 22 декември, 2024

Децата биле во Австралија и Шведска, ама во Драчево наставници им пишувале оценки

Цела учебна година, од почеток до крај, на четири деца од различни одделенија и паралелки, основното училиште ,,Кузман Шапкарев” од Драчево им пишувало оценки, ги заведувало како присутни на часовите, а на крајот од годината им издало и свидетелства за успешно комплетирана училишна година, иако нивната нога воопшто не стапнала во училиштето, бидејќи биле иселени во Австралија и во Шведска.

Директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски, за Слободен печат тврди дека случајот го пријавиле наставници од училиштето што не можеле веќе да гледаат дека нивните колеги, одделенски и предметни наставници, како и директорката, се состануваат, лажираат оценки и фалсификуваат дека учениците се присутни на наставата и едноставно, не сакале повеќе да учествуваат во фарсата.

-Вработени во училиштето ни пријавија дека директорката ги терала да пишуваат оценки иако децата не се тука, туку се иселени во Австралија и во Шведска. Тие цела учебна година не биле тука во државата, а во дневниците им биле пишувани оценки, им биле издадени свидетелства. Инволвирано е 21 лице и нормално, кога го откривме случајот пријавивме во МВР. Ги разгледавме дневникот, главните книги, цело време децата биле водени дека се на настава, им биле ставани оценки во дневниците. Ги прашавме наставниците, дали го виделе ученикот, дали го испрашале, како го оцениле, ни одговорија негативно. Пишувале сите договорно, но некои се спротиставиле и пријавиле. Некои од инволвираните ни рекоа дека ,,сакале да направат добро”. Мене не ми е јасно какво добро направиле, ни рече директорот на Државниот просветен инспекторат Спировски.

Како што посочува тој, додека во Драчево им течело ,,образованието” и им било издадено сведителството, две од децата биле во Шведска, а две дури во Австралија.

-Ја откривме целата шема, ја разголевме. Документацијата беше цела потполнета, најрегуларно, но суштински децата воопшто не оделе на настава. Почната е целата ситуација во септември 2018 година, а завршила во 2019 година, на крајот од учебната година. За нас како инспекција работата беше лесна. Ги викнавме наставниците, ги прашавме, еве овде сте ставиле оценка во дневникот дали сте го виделе овој ученик на настава, ни одговорија негативно. Епа како им пишувале оценки тогаш, не ни е јасно. Можеле и на мене и на вас да ни издадат по едно свидетелство, се пошегува Спировски, зачуден од настанот.

Тој додава дека кога откриле дека сведителствата биле фалсификувани, морале дополнително да постапат.
Кога видовме дека се отишло до таму да се извадат и свидетелства, и тоа фалсификат, наш инспектор донесе решение да се поведе постапка сведителствата да бидат поништени и тоа се случи. Поништени се на наставнички совет. Како што наставничкиот совет си ги издал, така и си ги поништи. Цел колектив си ја призна вината, додава Спировски.
Имало наставници и во одделенска и во предметна настава, бидејќи децата биле од различни одделенија. Едното било во шесто одделение, другото во осмо, третото и четвртото во второ или трето одделение. Мотивите за ваквото постапување на наставниците воопшто не се утврдени.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до Основното Јавно Овинителство во Скопје, поднело кривична пријава против 21 лице сите вработени во Основното Училиште ,,Кузман Шапкарев” во населба Драчево и тоа: В.Н. (56), заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по член 353.
Таква пријава била поднесена и против лицата П.И. (46), Н.Д.Б. (63), С.Л. (57), М.М. (54), П.Б. (39), З.А.Ѓ. (45), В.А. (41), С.А. (41), Г.С.А. (45), С.Ц. (57), Д.Ц. (39), М.Д. (45), Г.Ј. (53), Б.К. (39), М.В. (51), Б.Н. (37), Т.Г. (39), Р.С. (61), С.С.М. (41) и Л.С.П. (58) сите од Скопје, а заради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по член 353 и ,,фалсификување исправа” казниво по член 378 од Кривичниот Законик.

Имено, првопријавената во текот на учебната 2018-2019 година, со цел да им прибави корист, односно да им овозможи да се здобијат со свидетелства за завршена учебна година на четири ученици од училиштето кои подолг временски период во текот на учебната година биле надвор од државата и не присуствувале на настава, ги поттикнала и влијаела кај останатите горепријавени, инаку предметни наставници и одделенски раководители, на одржаните наставнички совети да изгласаат оценување на отсутните ученици, врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина.

Пријавените наставници, исто така во својство на службени лица, под влијание на првопријавената, иако знаеле дека четворицата ученици се одселиле од Македонија, односно не доаѓале на настава во соодветните паралелки, не ги запишувале учениците како отустни од настава во евиденцијата на паралелките и извршиле фиктивно оценување на учениците за периодот додека биле отсутни, со што ги пречекориле своите службени овластувања и овозможиле изготвување на Свидетелства за завршена учебна година.

Од страна на Државниот просветен инспекторат, до МВР е доставено известување, според кое инспекторат извршил вонреден инпсекциски надзор во училиштето ,,Кузман Шапкарев“, по претставка од општина Кисела Вода, при што се констатирани повреда во постапката за водење на педагошката евиденција и документација, како и повреда со неевидентирање на изостаноците на учениците кои биле отсутни подолг временски период.

Од училиштето не ни одговорија од кои мотиви се издале фиктивни свидетелства за учениците, а од Општина Кисела Вода исто така не споделија повеќе информации наведувајќи ја истрагата како причина.

The post Децата биле во Австралија и Шведска, ама во Драчево наставници им пишувале оценки appeared first on Слободен печат.


Децата биле во Австралија и Шведска, ама во Драчево наставници им пишувале оценки was first posted on мај 29, 2020 at 1:04 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....