2.8 C
Скопје
17:21 - 22 декември, 2024

Бројот на инфицирани со Ковид-19 надмина 10.000, моментно 4.199 активни случаи

Дневниот број на новозаразени лица од КОВИД-19 во земјава и натаму е троцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани дури 152 нови случаи на КОВИД-19. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани со вирусот од почетокот на епидемијата во земјава достигна 10086, а има вкупно 4199 активни случаи.

Бројот на оздравени од почетокот на епидемијата е 5427, а на починати 460. Досега направени се вкупно 95 169 тестирања на КОВИД-19.

Според податоците на Министерството за здравство, вчера беа направени 1077 тестирања.

Од новодијагностицираните, 39 се во Скопје, 20 во Куманово, 15 во Гостивар, 14 во Штип, 13 во Струга, девет во Тетово, осум во Дебар, по пет случаи во Битола и Кавадарци, четири во Струмица, три во Охрид, Гевгелија и Делчево, два во Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево  и по еден во Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Николе.

Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден регистрираше 70 оздравени пациенти, и тоа 23 во Скопје, 13 во Свети Николе, по десет во Тетово и Гостивар, осум во Куманово и шест во Штип. Во текот на вчерашниот ден немало починати пациенти.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера обвинија дека мерките преземени од Владата за борба против епидемијата се недоволни.

Токму сега после изборите, како што посочуваат, коронавирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки и Комисија за инфективни болести ги нема никаде. Според нив, нема промени во борбата против епидемијата.

Од владеачката партија, пак, посочуваат дека грижата на Мицкоски е лажна и не поминува кај граѓаните.

– Политиката едно зборувај, друго прави е целосно разобличена. Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а кој го загрозува. ВМРО-ДПМНЕ зборува за непочитување мерки во изборна кампања, а токму таа партија и Мицкоски беа оние кои ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот. Сите видоа дека Мицкоски не се грижи за ничие здравје, соопшти СДСМ.

Според последните податоци, во глобални рамки со коронавирусот досега се заразени 16.317.533 лица. Од нив починале 650.260, а оздравеле 9.981.282 лица.

Од земјите во регионот во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 52 нови случаи на инфицирани со Ковид-19, во Србија 467, во Грција 27, во Босна и Херцеговина 263, а во Бугарија 189.

The post Бројот на инфицирани со Ковид-19 надмина 10.000, моментно 4.199 активни случаи appeared first on Слободен печат.


Бројот на инфицирани со Ковид-19 надмина 10.000, моментно 4.199 активни случаи was first posted on јули 27, 2020 at 6:58 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....