23:24 - 22 декември, 2024

Богдановиќ не верува дека малолетните „гладијатори“ се од ОУ Киро Глигоров

Малолетници си ги одмеруваат силите со боксови, како во гладијаторска арена, среде бел ден во Капиштец, додека други ученици и повозрасни луѓе ,,навиваат” од страните на рингот и снимаат со мобилни телефони.

Оваа сцена на 31 јануари некој ја пријавил во полиција, а деновиве интернетот е преплавен со видео материјали од настанот за кој родители долго време знаеле дека се случува.

Имало и тарифник, се наплаќало 20 денари за гледање и 300 денари за снимање. Кој ги зел парите и профитирал врз грбот на деца од овој импровизиран боксерски ринг и колку време траела боксерската сага, засега никој не знае.

,,Слободен печат” стапи во контакт со градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. Тој вели дека во основното училиште Киро Глигоров во Капиштец, во чија непосредна близина се одвивале спорните борби на малолетници, воопшто не учат деца кои се доволно возрасни за да кореспондираат на оние од видеото. Највозрасните ученици се во петто одделение, а оние од видеото, според проценката на Богдановиќ, се повозрасни.

– Во основното училиште Киро Глигоров, највозрасните ученици се во петто одделение. Јас на снимката гледам малку повозрасни деца, значи не верувам дека се од тоа училиште. Ние во општината уште пред да излезе информацијата во медиумите знаевме за овој случај, бидејќи ни испратија видеа од борбата претходно објавени на Фејсбук. Мислам дека треба да се почека институциите да си ја завршат работата, поради тоа што се работи за малолетници и тоа е сензитивна, деликатна тема, ни рече Богдановиќ.

Богдановиќ веднаш стапил во контакт со директорите на сите училишта од општина Центар и исходот од тие разговори, била препораката да се засили советодавната функција на психолозите, педагозите и директорите, за да на учениците им се посочи да престанат да одат на вакви борби.

Уште се истражува и дали групата која организирано дошла во Капиштец потекнува од друга скопска населба, кој е организаторот.

Засега е сигурно, дека борбите не биле никаква воншколска активност на основните училишта во Центар, туку се организирани надвор од училишниот амбиент.

The post Богдановиќ не верува дека малолетните „гладијатори“ се од ОУ Киро Глигоров appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....