7.8 C
Скопје
14:36 - 22 декември, 2024

Ангеловска: Мора сите да бидат свесни дека и фармацевтите можат да бидат изложени на голем ризик доколку пациентите не ги почитуваат мерките за заштита (ВИДЕО)

Почина и првиот здравствен работник од Ковид 19, информираа од Фармацевтската комора. Станува збор за фармацевтскиот работник Петар Мојсоски од село Подгoрци, Струга, кој починал на Инфективната клиника во Скопје. Мојсовски имал 58 години и се заразил извршувајќи ја својата работа.

Бистра Ангеловска, од Фармацевтската комора за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека нивниот колега бил исклучително внимателен човек, дисциплиниран, посветен на професијата и истражувач од својата област.

-Како Фармацевтска комора апелираме да се подигне свеста на граѓаните, пациентите за опасноста во која се наоѓаме. Мора сите да бидат свесни дека и фармацевтите и останатите здравствени работници можат да бидат изложени на голем ризик доколку пациентите не ги почитуваат мерките и протоколите за заштита. Мора да се научат во аптека еден по еден, затоа што фармацевтте не можат да бидат и редари, вели Бистра Ангеловска, претседател на Фармацевтската комора.

Неофицијално, негови колеги од Подгорци велат дека починатиот здравствен работник се заразил од пациенти кои доаѓале на преглед во ординацијата, во чиј склоп била аптеката во која работел Мојсовски во Подгорци.

 

The post Ангеловска: Мора сите да бидат свесни дека и фармацевтите можат да бидат изложени на голем ризик доколку пациентите не ги почитуваат мерките за заштита (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Ангеловска: Мора сите да бидат свесни дека и фармацевтите можат да бидат изложени на голем ризик доколку пациентите не ги почитуваат мерките за заштита (ВИДЕО) was first posted on мај 29, 2020 at 8:22 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....