3.8 C
Скопје
13:09 - 23 декември, 2024

Андоновиќ: Бомбастични тврдења во книгата на Болтон во која Трамп е претставен како неук политичар (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, бил подготвен да го напушти НАТО во 2018 година, тврди неговиот поранешен советник Џон Болтон во новата книга, во која тој ја раскажува својата верзија за самитот на таа алијанса, која била оптоварена со тензии, како резултат на придонесите во одбраната на европските членки.

Трамп бил особено лут затоа што Германија не одвојува два проценти од својот БДП за одбрана, како што беше договорено во Алијансата. Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“, кој ќе испорача руски гас на Германија, дополнително го налутило американскиот претседател и го поставил прашањето зошто Вашингтон ги чува војниците таму за да ја одврати Русија, откако Европа ги продлабочува своите врски со Москва.

„До 1 јануари, сите држави мора да почитуваат два проценти, така што ќе им простиме на долговите или ќе ги оставиме и нема да ги браниме оние што не го исполнуваат тоа“, рекол Трамп, раскажува Болтон.

Ова тврдење на Болтон, само се вклопува во неодамнешната одлука Трамп да го намали военото присуство во Германија и американските војници да ги прераспореди во базите во Полска.

Во книгата на Болтон која носи наслов „Собата во која се се случуваше“ или кратко наречена „Мемоарите на Белата куќа“, Болтон изнесува шокантни тврдења – од носење на инцидентните одлуки на Трамп, до неговата неукост и елементарни непознавања.

Едно од овие непознавања, според Болтон е дека Трамп не знаел каде е Финска, за која мислел дека е во Русија. Особен гаф според тврдењето на Болтон е незнаењето на Трамп дека Велика Британија е нуклеарна сила.

Во оваа книга се изнесени и обидите на Трамп преку приватни контакти и ресурси да ги поткупува политичарите низ светот меѓу кои има и имиња на претседастели на држави, кои според официјалната американска политика биле означени како диктатори. Трамп според тврдењата на Болтон се обидувал преку лични и приватни контакти да соработува со кинескиот претседател Си Џинпинг како и со рускиот претседател Путин.

Има уште многу пикантерии кои Болтон ги наедува во својата книга а која се однесува на претседателствувањето на Доналд Трамп со САД.

На овие обвинувања Трамп во свој стил преку социјалната мрежа Твитер оцени дека „Болтон е глуп, а за неговиот претходник Обама дека е предавник.

Нападите врз Обама се резултат на вклучувањето на поранешниот претседател на САД во кампањата на подршка на демократскиот кандидат Џо Бајден со цел да го анимира афроамериканското гласачко тело, кое во моментов е жесток противник на Трамп.

Белата куќа се обиде да ја забрани книгата на Болтон, аргументирајки дека во неа тој изнесува некои државни тајни. Болтон е оквалификуван како предавник и ем поисоветен со поранешниот разузнувач Сноуден. Сепак, администрацијата на Трамп засега не успева да издејствува забрана за печатење на книгата, а особен проблем е што делови од неа се наоѓаат во рацете на американските медиуми кои им се наклонети на демократите и кои секојдневно пренесуваат дел од содржината и тврдењата на Болтон. Сето ова се заканува да го урне и онака малиот рејтинг на Трамп во пресрет на изборите на 3 ноември и да ги намали неговите шанси за реизбор на местото претседател.

Сите овие тврдења укажуваат дека неслучајно книгата на Болтон носи поднаслов „ Книга која Доналд Трамп не сака да ја прочитате“.

The post Андоновиќ: Бомбастични тврдења во книгата на Болтон во која Трамп е претставен како неук политичар (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Бомбастични тврдења во книгата на Болтон во која Трамп е претставен како неук политичар (ВИДЕО) was first posted on јуни 24, 2020 at 9:57 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....