0.8 C
Скопје
17:41 - 22 декември, 2024

Алтернатива што ветува реприза?

Доброооо… Бидна и тоа, Собранието се самораспушти, се оди на избори. После „продолженијата“ и „пеналите“ во финалето на собранискиот „национален куп“, формално-правно, власта излезе со резултат од 100% остварена политичка агенда, опозицијата со резултат од 0% остварена политичка агенда.

Не може да се каже дека беше многу напнато – и покрај „техничките“ заплети во последните минути од натпреварот – бидејќи сè се одвиваше според очекувањата, а и според повеќето „експертски“ предвидувања. Нормално, имаше неколку валкани „стартови“, неколку киксови во „одбраната“ и проблематични судиски ситуации, но, едноставно, „инерцијата“ на евро-атлантската агенда е толку голема, што тешко се сопира и ги пробива сите блокади по патот. Заев испорачува, а оваа опозиција, се покажа, ниту на тактички, ниту на играчки план, не му е дорасната за да можеше да го спречи во победничкиот налет. За нијансите и вкусовите може до утре да се разговара.

Кои се нијансите? На пример, повеќето официјални статистики покажуваат дека во Македонија денес се живее подобро од порано. Опозицијата, пак, тврди дека се живее многу полошо. А суштината е во тоа дека сè уште сме далеку од доволно добро живеење, но насоката е кон подобро. Тоа не е мала нијанса. Таа говори за правецот на движење во политичката понуда, а тоа е суштината на секоја политика.

Така, спротивставените интерпретации на нашата стварност од страна на власта и опозицијата точно ја одразуваат смислата на Ајнштајновата изрека дека треба да се чуваме од луѓето кои шират негативна енергија, бидејќи „тие имаат проблем за секое решение“. Заев е тој кој понуди и, по високоризична политичка цена, испорача решенија – опозицијата, нудејќи статус-кво, пронајде проблем во секое од тие решенија. Зошто би ги чудел резултатот од 100:0?!

Дотолку повеќе што маневарскиот простор на опозицијата беше огромен, бидејќи власта во изминатите 32 месеци располагаше со најминимално формално мнозинство во историјата на Собранието, искомбинирано од сите „шути и рогати“ политички и лични интереси што можете да ги замислите! Дополнително, „пред носот“ на опозицијата, Заев во повеќе критични наврати собра убедливо, двотретинско мнозинство, за такви законски, реформски проекти кои за опозицијата изгледаа како со „кутлача“ да сркаш политички „корона вирус“! Тие, имено, на тоа и се надеваат: дека „во процесот“ Заев е толку „вирусно заразен“, што не му бега изборна „смрт“!

Но, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува пораспадната и понеединствена, каква што одамна не била – впрочем, и завршните собраниски гласања за Законот за Јавно обвинителство и оној за одбрана го покажаа тоа – со раководство коешто целиот свој оптимизам го темели врз ширење вирус-песимизам и ветување пост-изборни апсења. Тие тенденции кај нив само ќе растат, бидејќи допрва им следи драматична кадровска селекција за изборниот настап, а во партијата владее вистинска јагма за нови пратенички имунитети. Оти, на кои било избори, само освоените пратенички мандати се функции што нудат извесна сигурност. За другите, идни, државни позиции важи неизвесната реалност на „не умри магаре до зелена трева“.

Предоцна е Мицкоски, етикетиран како „продолжена рака“ на Груевски, на 55 дена пред избори да се заблагодарува на услугите на десетина првенци во партијата кои останаа цврсто на позициите на „груевизмот“ по сите суштествени прашања за иднината на Македонија. Од друга страна, ако кадри како г-ѓа Рашела Мизрахи им се „свежата“ идеолошко-политичка алтернатива, тоа значи дека и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ суштински излегува со „груевизмот“ како своја централна политичка понуда во внатрешно и надворешно-политичките идни политики на партијата.

Голем е и очајнички тој изборен облог дека мнозинството македонски граѓани се расположени за таква вмровска реприза на власт. Одгледан е тој бајат репертоар во сите, некогашни, премиерни изданија.

Извор Цивилмедиа

The post Алтернатива што ветува реприза? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....