Адвокатот на семејството на убиениот Афроамерикенец Џорџ Флојд, Бен Крамп, изјави дека има доволно докази да се потврди дека обвинетиот полицаец Дерек Шовин постапил со умисла.
Шовин е обвинет за убиство од трет степен, но Крамп тврди дека станува збор за убиство од прв степен, наведува Би-Би-Си.
– Не ни е јасно како таа постапка не е оквалификувана како убиство од прв степен – изјави Крамп за „Си-Би-Ес“, а пренесе „Гласот на Америка”.
Тој посочи дека полицаецот го задржал коленото на вратот на Флојд речиси девет минути, што е причина за неговата смрт и потоа за серијата протести низ САД.
– Сметаме дека тој имал намера – рече Крамп.
Џорџ Флојд, невооружен Афроамериканец, почина за време на полициското приведување кога Шовин, според кривичната пријава, го задржал коленото на неговиот врат осум минути и 46 секунди
Во кривичната пријава се додава дека патологот заклучил дека за смртта на Флојд придонеле комбинацијата од физичкото совладување, можни опојни средства во организмот и здравствените проблеми што ги имал.
Двајца доктори, кои извршиле независна обдукција врз телото на Џорџ Флојд, сепак, вчера соопштија дека тој починал од задушување и дека станува збор за убиство.
The post Адвокатот на Џорџ Флојд: Има докази дека убиството е извршено со умисла appeared first on Слободен печат.
Адвокатот на Џорџ Флојд: Има докази дека убиството е извршено со умисла was first posted on јуни 2, 2020 at 8:12 am.