23:58 - 6 април, 2026

(ФОТО) ВО НОВА ГРАДИШКА: Тоше Проески доби споменик во Хрватска во близина на местото каде што трагично го загуби животот

Во Нова Градишка денеска беше откриен споменик на легендарниот Тошe Проески. На свеченото откривање на споменикот на скулпторот Славко Буниќ, присуствуваа Милаим Фетаи, амбасадорот на Северна Македонија, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, пишува хрватски „Вечерњи лист“.

фото Фејсбук

 

Градоначалникот Гргиќ кажа дека една несреќа направи два народа, македонскиот и хрватскиот, и две општини, Крушево и Нова Градишка, да се запознаат и да соработуваат благодарејќи на песните на популарниот македонски поп пејач, Тоше Проески.

„Она што не поврзува со Нова Градишка е трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови фанови и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени. Нека живее нашето пријателство и натаму, нека живее и споменот за Тоше преку овој споменик. Слава му“, изјави Христовски.

Водечка мисла беше дека камената фигура на ТошЕ потсетува на времето кога заедно се радувавме и уживавме во песните кои се вечни и на кои сите се сеќаваме на неговите зборови:

„Љубовта, толеранцијата и живеењето на нашите животи како да живееме милион години, тоа нè прави луѓе“.

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....