07:12 - 10 јануари, 2026

(Видео) Антониа Гиговска со нова песна и секси фотосесија: „Собрав храброст и еве ја баш за мојот роденден“

Младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска вчера наполни 23 години и по тој повод својата многубројна публика ја почести со нова песна, но овојпат моќна балада која сигурни сме дека нема да ве остави рамнодушни.

Новата нумера со наслов „Мразам што те сакам, всушност не е нова, туку се работи за песна која е создадена во 2021 година, поточно во еден од најтешки животни периоди за младата пејачка.

„Мразам што те сакам е песна што ја направивме со Лазар Цветковски во 2021 година. Година во која имав многу предизвици, многу насмевки и многу солзи. Кога ќе се навратам назад и добро што не ја објавив тогаш, ја чував за некое подобро време, за некоја подобра, позрела Антониа. Антониа што после три години ќе може да се носи со тежината на песната и емоцијата што ја има во истата. Се надевам и верувам дека ќе допре до многу срца, како што допре до моето. Собрав храброст и еве ја баш за мојот роденден. Ова е мој ден, се радувам што добив многу честитки и во тоа име сакам да им ја поклонам песната што ја сакам многу искрено, со цело срце и душа. Како првиот ден – вели Гиговска.

Инаку текстот за оваа песна е дело на раперот Тајзи, а музиката и аранжманот како што изјави Антониа е на продуцентот Лазар Цветковски.

Ова е нејзина прва песна за 2024 година и таа е само најава за она што допрва следува, а следуваат многу нови песни, видеоспотови, соработки и се разбира, многубројните настапи ширум нашата земја.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....