-2.2 C
Скопје
23:59 - 18 февруари, 2026

ОВОЈ политичар бил прва голема љубов на Лепа Брена: Нему му е посветен хитот „Мики, мики мој“!

Една од најголемите љубови на балканските простори, кога станува збор за светот на познатите, секако е онаа во која со децении уживаат една од најголемите музички ѕвезди Лепа Брена и поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ.

Instagram
Instagram

Парот е речиси неразделен од првата средба, а во 1991 година љубовта ја крунисаа со брак. Ги добија синовите Стефан и Виктор, а Брена често со многу љубов зборува за Филип, синот на Боба од бракот со Зорица Накиќ.

Сепак, малку е познато дека Лепа Брена пред Боба имала една голема љубов. Згора на тоа, ова е човекот кому е посветен нејзиниот голем хит „Мики мој“!

Како што своевремено напиша Курир, Лепа Брена пред да го запознае Бобо Живојиновиќ била вљубена во Мирко Крлиќ, кој извесно време беше пратеник и претседател на собраниската Комисија за култура и информирање.

Набргу по раскинувањето, тој самиот изјавил дека нивната врска се случила во првата половина на осумдесетите, кога Брена веќе била голема југословенска ѕвезда.

Ова е човекот кому е посветен нејзиниот голем хит „Мики мој“!  Фото -YOUTUBE/PRINTSCREEN/KTV TELEVIZIJA

„Точно е дека Лепа Брена била моја девојка долго време и дека сме се сакале. Но, сега тоа е минато и сега сме само добри пријатели. За тоа што раскажува чаршијата дека требала да се омажи за мене и дека – така да се каже – се било готово,  можам да кажам дека сето тоа е фантазија и нечии  желби… Јас можам да изјавам дека после нашето забавување, Брена ми беше и остана голем пријател“, раскажал Крлиќ во далечната 1985 година, додавајќи дека воопшто не бил изненаден кога слушнал дека Брена ќе се мажи, зашто сакала да основа дом и како што му велела, „еден ден кога ќе ми помине славата да не останам сама“.

„Не можеше да се ослободи од тој страв, особено што постојано беше одвоена од нејзините родители, кои живеат во Брчко“, искрено објаснил тогаш Крлиќ, а пренесува „стил-курур“.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....