00:46 - 18 ноември, 2026

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Популарниот и автентичен новинар Сунаи Сабриоски, многу често знае да ги засмее своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи. Тој е еден од ретките што знае да објави гаф од самиот себеси кој случајно бил снимен пред вклучување во програмата или пак се случил зад камерите.

Сабриоски е роден во Прилеп, но животниот пат го носи во македонската метропола каде ги завршува новинарските студии. Но иако веќе долги години живее во Скопје, тој не го заборава и редовно го посетува градот под Марковите кули.

Деновиве една таква прошетка разбуди силни емоции и инспирација во него, па новинарот сподели многу убава фотографија од прилепската чаршија, како разгледница и напиша дека Прилеп нема центар туку срце.

Јас да си кажам, не дека ве интересира! Секој град има свој центар, но Прилеп има срце што отчукува со векови низ чаршијата. Место каде што минатото и сегашноста совршено се спојуваат – стои во објавата.

Во една прилика во интревју на прашањето „која информација ја споделил првпат пред јавноста“ одговори: „Па јас сам по себе сум информација“.

Тој е профилиран новинар за граѓански теми, неретко обработува сензитивни општествени теми.

Слични објави

Семејна прошетка – Дарко Лазиќ со сопругата и ќерката отиде во едно од најголемите свети места во Србија

Еспресо

Саша Ковачевиќ му го даде на синот своето вистинско име: малкумина знаат како навистина се вика пејачот

Еспресо

Николија Јовановиќ за почетоците со Реља Поповиќ: „Не можеше да се воздржи да заврши песната“

E.A.

Тања Савиќ искрено проговори за борбата за потомство со Муки: „Би посвоиле дете“

Еспресо

Насилникот не смее да биде почитуван, а жртвата да живее во страв – кога молчењето станува соучесништво

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ на семејната слава кај Жељко Митровиќ: Ја покажа раскошната декорација, а друштво ѝ правеше и ќерката Леа

Еспресо
Се вчитува....