9.8 C
Скопје
17:36 - 27 октомври, 2026

Џејла Рамовиќ зборуваше за љубовниот живот: „Моите врски секогаш беа тајни“

Пејачката Џејла Рамовиќ, откако победи на регионалното натпреварување Ѕвездите на Гранд, го привлекува вниманието на јавноста, како со својот глас и талент, така и со природната убавина и харизма.

Иако својот приватен живот главно го чува подалеку од очите на јавноста, овојпат направи исклучок и откри каков маж може да го освои нејзиното срце.

Џејла призна дека не ѝ е лесно да го дефинира идеалниот маж, особено затоа што нејзините претходни партнери биле сосема различни.

Сепак, постојат особини што ѝ се многу важни и преку кои не преминува.

– Што треба да има идеалниот маж? Уф, за мене тоа е многу тешко прашање, никогаш не знам да дадам точен одговор. Сите мои претходни момци беа сосема различни. Барам почит и разбирање. Моите врски секогаш беа тајни – истакна таа за телевизијата „Е“.

Нејзината изјава особено го привлече вниманието ако се има предвид дека Џејла и во минатото внимателно ги криеше партнерите. Во 2023 година, таа јавно зборуваше за раскинување и откри дека штотуку излегла од емотивна врска, но не сакаше да открие со кого била. Тогаш истакна и дека не е заљубена, но дека претходно била.

Подоцна медиумите ја поврзуваа со Бојан Цвјетичанин, фронтменот на словенечката група „Џокер аут“. Нивната романса никогаш не беше официјално потврдена од двајцата, но честите заеднички појавувања, како и фактот дека Бојан бил со Џејла и нејзиното семејство на прославата по нејзиното дипломирање, дополнително ги поттикнаа гласините. Во една прилика Џејла дури зборуваше пофално за него, нарекувајќи го убав, згоден и голема ѕвезда.

Летото вниманието повторно се насочи кон нејзиниот љубовен живот, откако во јавноста се појави снимка на која Џејла и пејачот Јаков Јозиновиќ се бакнуваат на јахта. Иако снимката набрзо беше избришана, медиумите објавија дека двајцата се во врска.

Сепак, Џејла и понатаму останува доследна на својот став приватноста да ја чува за себе. А ако се суди според нејзината најнова изјава, без оглед на тоа колку нејзините досегашни партнери биле различни, постојат две работи од кои не отстапува – почитта и разбирањето.

Слични објави

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо
Се вчитува....