09:02 - 13 април, 2026

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

Никола Роквиќ во пресрет на Велигден откри детали од својот живот кои никој не ги знае.

Никола Роквиќ пред 13 дена тргна пеш кон Грција каде во манастир ќе му се поклони на Свети Нектариј Егински, а ќе собере и средства за децата на кои им е потребна помош.

Сега моментно се наоѓа во храмот Свети Никола каде ќе го дочека Велигден.  Од таму се огласи дека е многу среќен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)

„Помага Бог драги луѓе, стигнав на денешната дестинација. Имам голема радост, стигнавме во храмот на Свети Никола. Моите домаќини ми рекоа дека ова е местото каде што Свети Никола му го вратил видот на Свети Стефан Дечански. Тука вечерва, ако Бог даде, ќе го дочекаме Велигден, многу сум радосен“.

Потесетуваме, Никола пеш тргнал на пат долг 1.060 километри, а за тоа време неговата сопруга Бојана деновиве подготвува домашни декорации и трпеза за семејството за најголемиот христијански празник. Тие имаат три деца, а Никола открива за српските медиуми дали планираат да го прошират семејството.

– Мислам дека е доволно. Три мали деца со нашите работни места, не е лесно. Потребно е многу жртва, многу добра организација, пред се целосно да се посветиш на тие деца и да ги водиш на вистинскиот пат. Мислам дека оваа бројка е добра. Сега сме во интензивен период, мали деца, многу работа. Тешко е, но убаво – признава Никола, и открива дали парот има помош во домот:

-Имаме помош, тука ни се бабите. Се трудиме 100 отсто од времето да го поминеме со децата, особено мојата Бојана. Се трудам и покрај сите обврски и патувања да не пропуштам ниту еден дел од нивното воспитување – изјави пејачот за српски „Телеграф“ и додаде:

– Слушнав од една голема ѕвезда, уште пред да имам деца, тој рече: „Да можам да го вратам времето назад, повеќе би поминал време со моите деца“. Брзо растат, се пропуштаат работи. Кариерата е убава, сета таа популарност е убава, но основата на се е семејството. Децата се најважни, па фала му на Бога што некако го сфатив тоа и што се трудам да бидам со нив – изјави  Никола.

 

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....