10.8 C
Скопје
10:39 - 27 октомври, 2026

КОЛКУ ЧИНЕШЕ ИЗГЛЕДОТ НА МЕГАН МАРКЛ ВО ШОУТО НА ЕЛЕН?: За нејзин вкус, багатела!

меган маркл

Меган Маркл се појави во шоуто на Елен Деџенерис. Војвотката од Сасекс за емисијата, емитувана на 18 ноември, се фокусираше на моден изглед од американскиот бренд Оскар Де ла Рента: црни панталони, бела кошула со извезени, а сето тоа во вредност од 1991 фунти, односно околу 2370 евра.

меган маркл
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Откако живее во Соединетите Американски Држави, поранешната глумица се облекува пред сè во гардероба „мејд ин УСА“, поретко во италијански модни марки, за разлика од времето кога беше дел од кралското семејство и кога ги форсираше британските, но и италијанските и француски луксузни брендови. Јасно е, станува збор за дипломатија во облекувањето, која на Меган и е добро позната со цел да ги освои обожавателите. А сега, кога веќе не е „вработена“ како војвотка, таа не мора да ја поддржува британската модна индустрија и е слободна сама да ги избира парчињата што ги носи.

Како и да е, што ќе облече Меган, брзо се распродава на веб-страниците на брендовите. Тоа се случи и минатата недела, кога облечена во црвен фустан на Каролина Херера, беше гостинка на њујоршката Freedom Gala забава.  Фустанот предизвика „бум“ на Интернет. На Гугл, обемот на пребарувања скокнале за 1328 проценти!

Слични објави

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо
Се вчитува....