12.8 C
Скопје
15:12 - 20 февруари, 2026

Јелена Карлеуша сподели снимка со Душко: „Простувај, подобро не знаев“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Во видеото двајцата се бакнуваат, гушкаат и уживаат заедно….

Домашните и регионалните медиуми со денови зборуваат за инцидентот во вилата на семејството Тошиќ на Дедиње, кога Јелена Карлеуша во полиција го пријавила сопругот Душко Тошиќ дека физички ги нападнал неа и нејзиниот пријател.

Иако во единственото јавно обраќање во врска со инцидентот рече дека е во тежок период и дека мора да ѝ биде подобро, се чини дека Јелена веќе успеала да продолжи понатаму и да заборави на несогласувањата со сопругот.

Доказ за тоа е што пејачката на својот официјален профил на „Тикток“ сподели стари видеа од времето на нејзината најголема љубов со Душко, во кои двајцата се бакнуваат, гушкаат и уживаат заедно.

@ninanebuninazemljii

𝓜𝓸𝓳 𝓽𝓲𝓱𝓲 𝓾𝓫𝓲𝓬𝓪💔🔪🥺#jelenakarleusa #tihiubica #alpha #omega #karleusastar #trending #trend #foryoupage #fyp #viral #muzikajelekzadušu #duškotošić #jelenakarleuša [@TikTok pleasee post on fyp🫠🙏🏼]

♬ original sound – 🇷🇸

Видеото е придружено со текстот на емотивната балада „Праштај“ на нејзината пријателка и колешка Милица Павловиќ, чии текстови ги напиша познатата Љиља Јорговановиќ, а за која многумина тврдат дека се едни од најубавите што ги напишала во кариерата.

Овој потег на Карлеуша воодушеви многу нејзини следбеници кои навиваат сопружниците да ги надминат сите брачни проблеми и да продолжат понатаму.

Да потсетиме, Јелена пред неколку месеци истакна дека е сигурна дека Душко повеќе не ја сака, но дека и понатаму таа го сака, што уште еднаш го покажа со ова видео од деновите на нивната најголема љубов.

– Душко е љубовта на мојот живот, најубавиот човек и љубовта на мојот живот. Мислам дека Душко не ме сака мене, но јас го сакам него. Сигурна сум дека не ме сака, но јас го сакам затоа што мислам дека… Ние сме во брак, но тоа е проформа брак. Му простив на Душко за се што направи, но Душко не е тип кој простува. Не можам, а да не го сакам Душко бидејќи тој е татко на моите деца. Тој е најубавиот човек во мојот живот и би го дала животот за него. Да тргне некој по Душко, ќе го сопрам куршумот. Не еден куршум, туку десет, би го дала животот за него – истакна пред неколку месеци за медиумите Јелена.

Слични објави

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија без шминка, луѓето се во шок од нејзиниот природен изглед

E.A.

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо
Се вчитува....