6.8 C
Скопје
04:52 - 31 март, 2026

(Фото) Џенифер Анистон и Рис Витерспун критикувани за „брчките и порите“: Демек без шминка, а фотошопирани

Холивудските актерки Џенифер Анистон (55) и Рис Витерспун (48) беа искритикувани поради фотографијата на која позираат заедно без шминка, пренесува Дејли меил.

На новата фотографија, актерките го најавија почетокот на снимањето на новата сезона на телевизиската серија „Утринско шоу“ (The Morning Show). Тие позираа пред камерите во фармерки и бели маици.

Џенифер Анистон и Рис Витерспун позираат со пуштени коси и се откажаа од шминката. Иако за 24 часа оваа фотографија на која актерките се во сосема природно издание, собра над милиони лајкови, на голем број фанови не им се допадна овој нивни изглед.

„Без шминка, ама затоа многу уредувани и филтрирани“, „Имаат многу длабоки брчки и големи пори“, „Изгледаат многу чудно. Штета е што жените во Холивуд не стареат со благодат“, „Изгледаат лошо“, гласат дел од коментарите.

Во интервју за Entertainment Tonight минатиот месец, Витерспун рече дека ќе има „многу романса“ во новата сезона на The Morning Show.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....