20:03 - 9 јануари, 2026

Цеца никој не ја понижил како овој маж: Причината за тоа што го кажа лежи во минатото

Цеца и Босанац често се закачаа меѓу себе во Звезде Гранда

Откако стана член на жирито, Цеца Ражнатовиќ стана честа мета на провокациите на Драган Стојковиќ Босанац. Иако фолк дивата секогаш била подготвена да му даде адекватен одговор, многумина сметаат дека не е во ред тоа што го прави нејзиниот колега од жирито.

Цеца и Босанац главно со смеа го завршуваа „разговорот“, но имаше ситуации кои воопшто не беа пријатни.

Најпрвин, тоа беа ситни пецкања и закачкања, за тоа подоцна да стане се почесто и се пожестоко. А како што пишува српски Скандал, тоа воопшто не е случајно, туку зад тоа има позадина од минатото.

– Босанац претера кога рече дека Цеца е популарна пејачка, а не е пејачиште како Марија Шерифовиќ! Затоа Цеца му возврати дека има примитивна смисла за хумор – започнува изворот за српски Скандал и продолжува:

принтскрин

-Сепак, никој не знае дека сето тоа датира од минатото, бидејќи пред дваесетина години Босанац сакал и се обидел да состави неколку песни за Цеца. Тој сакаше да соработува со неа, но таа во тоа време работеше многу со Мили, имаше свој тим и добро функционираше.

– Мислам дека Цеца дури и не знае дека Босанац сакал соработка, тоа го предложил преку своите соработници и не бил постигнат договор, а Цеца не ни знаела дека тој предлага нешто. Никогаш немала ништо против него, исто како што нема ни сега, па не ѝ јано што навалил на неа. Да знае дека тој сакаше да ѝ компонира, ќе ѝ беше јасно. Затоа некои луѓе сега веруваат дека Босанац всушност ѝ се свети, бидејќи никогаш не преболел дека не соработувале. Тој порача и дека нема да престане со прозивките …- вели изворот.

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....