21:56 - 11 април, 2026

БРЗА, ЛЕСНА, ПРЕВКУСНА: Чоколадна торта со само неколку намирници, крцкава однадвор, сочна одвнатре

Подгответе ја лесно и уживајте во вкусот.

За тортата се потребни само неколку намирници- јајца, сечкани бадеми, темно чоколадо, шеќер и путер. За посебен шарм може да се додаде рендана кора од портокал, а за подобро да се „поткрене“  – лажица рум или коњак. Крцкава е однадвор, а мека и сочна одвнатре.

Потребни намирници – калап за торта (околу 22 – с4 см), 4 јајца, 150 гр шеќер во прав, 150 гр темно чоколадо, 200 гр мелени или сечкани бадеми, 130 гр путер. Дополнително, по желба – 1 лажица рум или коњак, рендана кора од 1 портокал.

Подготовка

На пареа стопете го чоколадото и путерот. Оставете да се излади. Одвојте ги жолчките од белките од јајцата, од белките и половина од шеќерот во прав направете цврст снег. Жолчките изматете ги со останатиот дел од шеќерот во прав, додадете го стопеното чоколадо со путерот, па матете уште неколку минути.

На смесата додадете ги мелените/сечканите бадеми и полека мешајте. Додадете го румот, коричката од портокал, па малку по малку снегот од белките, внимателно мешајќи.

Целата смеса претурете ја во премачкан калап (дното обложете го со хартија за печење). Печете во претходно загреана рерна на 170 степени, 30 минути. Пробајте со чепкалка. Тортата Капрезе мора да остане кремаста во средината.

Извадете ја од рерна и оставете да се излади. На крајот, наросете врз неа шеќер во прав (или какао) и послужите.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....