21:31 - 13 ноември, 2026

Зуица Лазова за најтешкиот разговор во животот: Најтешко ми беше да му кажам на татко ми

Фолк-пејачка Зуица Лазова беше гостинка во емисијата „Мамавизија“ и отворено раскажа за некои од најтешките, но и најсреќните моменти од животот.

-Мајка ми почина во 2000 година. Бев во неизмерна тага кога набргу по трагедијата дознав дека сум бремена. И покрај несредената врска со Наум, тој сè уште не беше официјално разведен, во ниеден момент не се посомневав дека нема да ја родам. Кога сега ќе се присетам, целата таа бременост помина во такво премреже, вознемиреност – се присетува Лазова.

Ќерката Македонка ја родила вонбрачно, а како еден од најтешките моменти го издвојува денот кога му соопштила на татко ѝ дека ќе стане мајка.

– Најтешко ми беше како ќе му кажам на тато. Па тој само што ја изгуби жената на својот живот. Долго време собирав храброст да му соопштам дека ќе родам дете вонбрачно. Тоа беше многу чудно за мене, растена во конвенционално семејство со строги правила. Другарките ме бодреа и во четвртиот месец од бременоста едноставно и директно му кажав дека ќе родам дете од човекот што го сакам и така ќе биде, оти не сакам да бидам со некого во брак само „ради реда“ – се присетува таа.

Македонка името го добила по нејзината покојна баба Донка, мајката на Зуица.

Со ќерката живеела сама четири и пол години додека официјално се приклучил и таткото Наум, кого ќе го опише како посветен и попустлив родител.

– Јас сум полицаецот дома, таа што вика, построгиот родител, ама пак Наум повеќе го слушаат. Не знам како успева – вели Лазова.

За синот Стефан низ смеа вели дека е „на Господ бељата“.

– Толку пекавме син, син, посебно Наум, ама тој син скапо нè чинеше. Колку што Македонка беше мирна, дупло повеќе беше немирен Стефан. Како дете беше страшно темпераментен, а тоа многу добро го знаат сите наши блиски – откри Зуица.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....