8.8 C
Скопје
12:50 - 20 февруари, 2026

Зошто ѝ пропаднал првиот брак на Сања Кужет: Се запознале на работа, тој бил телохранител

Сања Кужет го запознала својот прв сопруг на работното место…

На Видовден, Сања Кужет го роди својот трет син кого го крстија Вук. По тој повод нејзиниот емотивен партнер Немања Живојиновиќ приреди голема прослава на која се собраа бројни познати личности.

Сања и Немања, како што е познато, веќе имаат едно момче Страхиња. Во првиот брак, кој го склучи пред десет години, убавата водителка го доби синот Андрија.

Сања Кужет го запознала својот прв сопруг на работа. Поточно, таа градела кариера како водителка, додека тој бил обезбедување, односно телохранител, на сопственикот на ТВ Пинк.

– Се дружевме две години, па се заљубивме, па се омаживме, родивме дете, се разведовме, но сепак останавме во истото друштво – изјави Сања која по само една година стави крај на бракот.

Водителката за српските медиуми објасни и зошто дошло до крај на бракот, но и во какви односи е денес со поранешниот сопруг.

– Ако некој е добар човек, го делам мислењето дека после се можеме да останеме добри луѓе. Не мора да се посетуваме на слави. Напротив. Секој по својот пат.  Но, за доброто на нашето дете, зошто да не бидеме во добри односи – рече Сања во „Балканска улица“ и додаде:

– На крајот на краиштата, јас го избрав тој човек, и тој мене, бидејќи имаме одредени квалитети. Навистина не можам да кажам ништо лошо за него.

Во разговорот Сања Кужет искрено призна:

– Едноставно, заедницата не успеа. Љубовта ја снема.

„Ја доживеав смртта, а потоа ме вратија назад“: Шерон Стоун отворно за новата „реинкарнација“ по тешкиот мозочен удар

Слични објави

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.
Се вчитува....