01:59 - 7 април, 2026

„Знаат која сум и со што се занимавам“: Станија Добројевиќ реагираше на шокантните тврдења на Кристијан Голубовиќ

Станија Добројевиќ јавно реагираше по тврдењата на ријалити ветеранот Кристијан Голубовиќ дека бил интимен со неа додека учествувале заедно во ријалити шоуто „Фарма“

„Сосема ми е јасно дека моето име и изглед со години привлекуваат внимание, сензации и кликови. Но, не прифаќам лаги, невистини и алузии кои отидоа предалеку. Затоа морав да го заштитам себе и своето име на суд, и ги добив сите тие постапки“ – изјави Станија.

Таа додава дека нејзиниот имиџ и провокативните фотографии се нејзин личен избор и слобода, но никогаш не биле и нема да бидат повод за невистинити и навредливи конструкции

„Знаат кој сум, што сум и со што се занимавам. Моите работи, заработки и образование се транспарентни. Моето име може да носи кликови, но лагите за мене завршуваат на суд“ – порача Станија.

Според Кристијан, тие имале интимни односи неколку пати, а тој го коментираше и минатото на Станија, велејќи дека се восхитувал на тоа како таа знае да се справува со шоу-бизнисот, но не се заљубил емотивно.

„Со оваа изјава ставам точка на темата“ – заклучи Станија.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....