18.8 C
Скопје
20:38 - 1 мај, 2024

Жизел Бундхен искрено за големите промени по разводот: „Имав животен тобоган, но престанав да пијам“

Манекенката Жизел Бундхен за прв пат се отвори за „People“ по разводот со Том Брејди, со кој има две деца.

Многумина ја гледаа Жизел како совршена жена која „шета“ на модната писта со ангелските крилја  на „Викторија сикрет“, но сега таа сосема искрено раскажа што ѝ се случувало во животот.

Иако е една од најубавите и најзгодните жени на светот, Жизел со години се бореше со страшни напади на паника, анксиозност и депресија. Денеска има 43 години, среќна е и исполнета, а еве какви промени направи во животот.

Минатиот октомври беше финализиран разводот на Жизел и Том Брејди, еден од најуспешните американски НЛБ играчи на сите времиња. Брејди и манекенката имаат две деца заедно, синот Бен (13) и ќерката Вивијан (10). Жизел се преселила на Флорида, а среде последната спортска сезона на Брејди и разводот со Брејди, таа се грижела и за двајцата нејзини родители кои биле тешко болни.

„Беше тешко за целото семејство, во секој аспект од животот. Со сите пресврти што ни ги носи животот, единственото нешто што можеме да го направиме е најдоброто со она што го имаме околу нас“, изјави Жизел.

Таа е посветена на балансираниот начин на живот, вежба секој ден, медитира, вежба јога и внимава на исхраната, а неодамна објави своја книга за готвење.

„Да ги немам сите овие техники за да се поддржам самата себеб, ќе ми беше многу тешко. И мислам дека секој може да се поврзе со тоа, секој имал животен тобоган во одреден момент од животот“, рече Жизел.

По нејзиниот 40-ти роденден, манекенката решила да престане да пие алкохол.

„Веднаш почувствував огромна разлика, кога ќе испијам чаша вино или кога не ја пијам. Општествено е прифатливо да се испие чаша вино, луѓето дури ќе ви кажат дека е добро за вас. Но, тоа не беше добро за мене. Ако често го прашувате вашето тело што му годи, а јас го правам тоа постојано, не можете да внесувате кофеин и алкохол. Се тоа се акумулира“, рекла Жизел.

„Кога престанав да пијам, почувствував огромна промена. Порано се беше во некаква магла. Сега умот ми е остар, се чувствувам поприсутно и спијам многу подобро. Сите бараме многу од нашето тело, но ние мора да се грижиме за него. Никој нема да го направи тоа наместо нас“, рече Жизел.

„На жените често им се испраќа порака дека грижата за себе е себична. Луѓето не учат на тоа цел живот. Но, кога се чувствуваме добро, ние сме подобри сопруги, мајки, пријатели, имаме повеќе љубов да дадеме. Никогаш немојте да чувствувате вина поради грижата за себе“, рече Бундхен.

Слични објави

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша брутално му одговори на Душко Тошиќ: Еве што мисли за девојката со која е уловен во Дубаи

еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

еспресо
Се вчитува....