7.8 C
Скопје
20:19 - 31 март, 2026

Животот му е убав на Јован Јованов, оваа посебна слика многу кажува

За Јован Јованов велат дека никогаш не се менува, а тој секогаш, асоцира на големиот хит „Магија“ која пред две години доби нова верзија, овојпат во дует со Пајак, и сега е повторно хит и кај помладата публика.

Познатиот Џеј Џеј веќе 11 години не живее во Македонија. Во 2014 година со семејството прво замина во Америка, а потоа во Канада, и сега, освен музичката продукција, разви друг успешен бизнис во Торонто, фотографско студио каде што има неколку вработени од Скопје. Деловен партнер во студиото му е Николина, неговата поранешна сопруга.

„Сѐ уште давам поддршка на многу наши нови изведувачи, а многумина наши познати изведувачи се консултираат со мене. Точно сакам да помогнам ако можам. Не сум посветен како автор многу, заради мои други обврски и цели, но ако добијам простор, нормално дека би направил нешто.

Драго ми е што брат ми стана еден од најдобрите музички продуценти и дојде до израз. Секогаш сум тука за консултација, одлука, доколку му треба мое мислење и совет“, рече Јованов за „Слободен печат“ во една прилика.

Јован Јованов покажа дека животот му е убав,  а на одмор бил на егзотично место, но не се означил каде, а до објавата од убавата плажа, тој ја објавил песната „Прекрасен живот“ или Wonderful Life од пејачот Блек.

Фото: Инстаграм

Слични објави

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....