22:58 - 2 април, 2026

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

Никола Перевски-Пере од „Нокаут“ сподели емотивен спомен на Кирил Поп-Христов Кили, актерот кој почина завчера на 58 години во Еквадор.

Кили бил гостин на еден од албумите на „Нокаут“ и тоа симболично во песната „Животот е убав“ (La Vitta e Bella). Тој во песната бил гостин пијанист.

Фото/Инстаграм

А Пере сподели и заедничка слика со Кили и до неа напиша: „Имаше во Кили ум, смеа и нешто ретко човечко што не се заборава, што останува меѓу луѓето како добрина. Мирен пат за Кили“, напиша музичарот.

Фото/Инстаграм

Кили беше мултиталентиран уметник и еден од најдобрите македонски современи актери. Тој зад себе остави низ впечатливи улоги кои ќе се паметат – во „Тетовирање“, „Бал-кан-кан“, „Збогум на 20-от век“ „Панкот не е мртов“, а оствари и блескави театарски улоги во „Ричард Трети“, „Злосторство и казна“, „Ослободување на Скопје“… Забележливи се и неговите улоги во телевизиската продукција: „Трст виа Скопје“, „Бумбари“, „Досие Скопје“…

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....