7.8 C
Скопје
19:24 - 1 април, 2026

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Мелина Галиќ, поранешна сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, неодамна се свршила со британски бизнисмен кој, во рамките својата деловна империја, поседува и компанија во Хрватска.

По разводот од Харис, Мелина ја пронајде својата среќа во Монте Карло, каде што го запозна милионерот Џефри Пол Арнолд Деј, со кого наскоро ќе се венча.

Свршеникот на Мелина е британски бизнисмен со долгогодишна кариера во меѓународниот сектор за безбедност, логистика и инвестиции. Неговата биографија вклучува повеќе од 25 години искуство на лидерски позиции во глобални корпорации, а во последните години се фокусирал на приватни инвестиции и управување со имот од својата база во Монако.

Деј ја започнал својата кариера во Велика Британија, каде што стекнал репутација како експерт за оперативен менаџмент и регрутирање, особено во индустријата на одбраната и безбедноста, а подоцна ја прошири својата бизнис империја низ цела Европа.

Она што е помалку познато е дека идниот сопруг на Мелина Џиновиќ работи и на Балканот и дека има регистрирана компанија во Хрватска, чие седиште се наоѓа во Ровињ.

Според хрватските деловни регистри, компанијата Day-dan d.o.o. е регистрирана во 2002 година, а нејзината примарна дејност е купопродажба на недвижности, како и трговија и услуги.

Инаку, свршеникот на Мелина е сопственик на луксузни недвижности низ Европа, како и на скапа јахта на која поминува многу време.

Откако се разведе од Харис Џиновиќ, креаторката не се огласи јавно, ниту пак, зборуваше за својот нов партнер, од кого доби и стан, но нејзиниот круг пријатели тврди дека е целосно посветена на организирање свадба со британски милионер.

Да потсетиме, Мелина Џиновиќ, поранешна сопруга на фолк пејачот Харис Џиновиќ, закажала свадба со својот партнер милионер, со кого веќе некое време ужива во луксузен живот во Монте Карло.

Според добро информиран извор близок до двојката, подготовките за свадбата се во тек и церемонијата ќе се одржи на една од најексклузивните локации во Монако.

– Венчавката ќе биде интимна, само за најблиските пријатели и семејство, но во исто време и неверојатно луксузна. Планирана е свечена вечера на отворено, со свеќи, кристални лустери и специјално дизајнирана декорација со ретки цвеќиња што пристигнуваат од странство. Гостите ќе уживаат во врвни вина и јадења подготвени од познат готвач. Мелина ќе носи уникатна венчаница што самата ја дизајнирала, а во текот на вечерта ќе смени неколку креации. Сè мора да изгледа совршено, но без прекумерна помпезност – сака да задржи доза на интимност и елеганција – открива изворот и додава дека луксузните апартмани во најпознатите хотели во Монте Карло веќе се резервирани за гостите, пишува српски „Курир“.

 

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....