09:39 - 9 април, 2026

Жесток говор на Вучиќ во српското Собрание -„Се заколнав, никогаш нема да го признаеме Косово“!

Се заколнав на Уставот на Републиката дека Србија никогаш нема ни посредно ни непосредно да ја признае независноста на Косово и Метохија, ниту ќе се откаже од својата легитимна борба за државните и националните интереси и почитувањето на меѓународното право, порача претседателот на Србија Александар Вучиќ на специјална седница на српското Собрание на која беше претставен „Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправата во Приштина“, од 15 јуни 2021 година до 1 септември 2022 година.

Тој во своето обраќање пред пратениците додаде дека „хистеријата“ на меѓународната заедница околу војната во Украина се одразува и на борбата на Србија за најважните државни интереси.

„Државната политика во претходниот период беше водена меѓу саканото и можното. Со тоа што желбите на граѓаните се нереални и максималистички, додека можностите ни се многу оскудни“, вели Вучиќ.

Тој додаде дека за проблемите кои се „болни за нацијата“ мора да се пристапи одговорно – со дефинирање на заедничка цел.

„Народното собрание е единственото место каде разговорот за ваквото прашање може да се води длабински“, вели Вучиќ.

Претседателот на Србија кажа дека на Косово мора да се најде живот и за Србите и за Албанците и истакна дека „тоа е задача која мора да се заврши за Србите да опстанат како народ“.

„Србија на никој начин не учествува во генерирањето криза, ние сме доследно определени за дијалог. Мирниот начин е единственото решение на проблемот, бидејќи конфликт би бил катастрофален за цела Србија“, изјави Вучиќ.

Тој порача дека за Косово мора да се понуди реално решение и дека реалната политика не може да почива на митови.

„Мораме да избегнеме ризици кои често не успеваме да ги избегнеме, да не гинеме залудно, да размислуваме како да развиеме сателити и вештачка интелигенција и да ја засилиме софтверската индустрија, и тоа ќе му даде нов живот на нашиот позитивен мит“, изјави Вучиќ.

 

Слични објави

Сања за болниот период – „Лекарите ми рекоа дека мајка ми се разболела пред татко ми…“

E.A.

Мистична и заводлива: Елена Ристеска со нова провокативна фотосесија

Еспресо

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.
Се вчитува....