Синот на Лила Филиповска, Филип, на симпатичен и духовит начин ѝ го честиташе 55. роденден на својата мајка. Тој на Инстаграм објави заеднички фотографии со Лила, а со пораката насмеа многумина.
„Среќен роденден Лиле, жената што ме донесе на свет и сè уште се прашува каде згрешила“, напиша Филип покрај фотографиите на кои позира прегрнат со мајка си.

Лила веднаш му одговори во коментарите со „Те сакам“. Таа секогаш зборува колку е приврзана за својот единствен син, кого често го нарекува своја најголема љубов, сила и поддршка. Иако Филип е веќе возрасен човек, за неа тој секогаш ќе остане нејзиното дете.
Во една од претходните роденденски честитки, водителката јавно зборуваше за посебната врска што ја имаат, нарекувајќи го Филип свој другар, поддршка и заштитник. Таа во повеќе наврати истакнувала дека е горда на човекот во кој пораснал нејзиниот син.

Лила на 15 октомври наполни 55 години, а роденденот го прослави во Солун, Грција. По повод роденденот, таа објави фотографии на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите што ѝ испратиле честитки, најавувајќи ново поглавје во животот.
„И животот продолжува… ме чека едно ново поглавје, нови предизвици, сѐ што животот го прави интересен. Безброј бакнежи за сите што ми пишавте убави и инспиративни пораки и благодарам за огромната количина на љубов која ќе ми ја грее душата уште долго, долго. Бидете ми живи и здрави и сите да сме на број“, напиша Лила.
Водителката и понатаму важи за една од најпознатите телевизиски личности во Македонија, а покрај професионалните успеси, често споделува и моменти од приватниот живот.
View this post on Instagram
