6.8 C
Скопје
02:10 - 31 март, 2026

ЖЕНА ЈА ПОБЕДИ ХИВ БОЛЕСТА: Трета личност на светот што е успешно излечена

Пациентка со леукемија во Америка стана првата жена и третата личност до сега што е излечена од ХИВ откако примила трансплантација на матични клетки, велат истражувачите.

Случајот беше првиот што вклучува крв од папочна врвца за лекување на акутна миелоидна леукемија, која започнува во клетките што формираат крв во коскената срцевина. Откако ја прими крвта од папочна врвца, средовечната жена од мешана раса е во ремисија и без ХИВ веќе 14 месеци, без потреба од моќни третмани познати како антиретровирусна терапија.

Донаторот природно бил отпорен на вирусот што предизвикува СИДА.

„Ова е сега трет извештај за лек во оваа средина и прв кај жена која живее со ХИВ“, рече во изјавата Шерон Левин, новоизбраната претседателка на Меѓународното здружение за СИДА.

Двата претходни случаи се случија кај мажи, еден бел и еден латиноамериканец, кои примиле возрасни матични клетки почесто користени за трансплантација на коскена срцевина.

Овој нов пристап може да го направи третманот достапен за повеќе луѓе, според истражувачите.

Случајот е дел од пошироката студија предводена од Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес и Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор, која следи 25 лица со ХИВ кои се подложени на трансплантација на матични клетки за лекување на рак и други сериозни состојби.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....