6.8 C
Скопје
09:38 - 21 февруари, 2026

Жељко Самарџиќ се бори со неизлечива болест: „Од моментот кога ми се случи, како да ми се сруши светот“

жељко самарџиќ

Популарниот пејач Жељко Самарџиќ сосема случајно дознал дека боледува од неизлечива автоимуна болест наречена Хашимото синдром.

Пејачот пред неколку години дознал дека боледува од автоимуна болест, но со терапија успеал се да држи под контрола.

Жељко поради болеста мораше да го промени животот од корен, исхраната и слично:

– Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која предизвикува повремени проблеми. Штом почнав со редовна терапија, се беше во ред. Секое утро пијам по една таблета и тоа е тоа. Жените најмногу страдаат од оваа болест, но мене ми се случи и се справувам со неа најдобро што знам. Подоцна дознав дека многу од моите пријатели имаат Хашимотов синдром, а јас го имав долго време без воопшто да знам – изјави пејачот, кој поради оваа болест целосно го промени начинот на живот.

– Од моментот кога ми се случи Хашимото, како да ми се сруши светот, не знаев што не е во ред со мене. Сега продолжив со нормален живот бидејќи редовно земам терапија. За три месеци одам на преглед и ми прават анализа на крвта. Болеста ме промени од корен. Порано пиев по една чаша ракија или повеќе вино, но сега не можам затоа што морам да ги заштитам гласните жици. Кога тоа ми функционира, се е во ред.

Пејачот откри како дознал дека боледува од споменатата болест:

– Ја открив болеста кога одев на операција на нервот симпатикус за да не се потам, а потоа се испостави дека станува збор за Хашимото, намалена функција на штитната жлезда – открива Жељко, а пренесува Стори.

На пејачот голема поддршка му дава сопругата Маја во текот на сите овие години борба.

Слични објави

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо
Се вчитува....