4.8 C
Скопје
22:46 - 12 март, 2026

Зеленски до Белорусите: „Не вовлекувајте се во војна, не сте топовско месо“; САД ја осудуваат Белорусија: „Му помагате на Путин да убива цивили“

„Руското раководство сака да ве вовлече во војна со Украина бидејќи не се грижат за вашите животи. Но, вие не сте робови и не сте топовско месо: можете сами да одлучувате за својата судбина“. Вака украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на граѓаните на Белорусија во својата традиционална вечерна видео порака, во која сакаше да им се обрати „на луѓето, на цивили и на оние кои се во униформи“.

Белорусите веќе се „вклучени во војната“ – нагласи тој – „уште поактивно отколку што беа во февруари и во пролетните месеци“.

Зборовите на Зеленски доаѓаат ден по најавата на Путин дека има намера да достави до Минск проектили способни да носат нуклеарни боеви глави, во наредните месеци.

Во меѓувреме и САД ја осудуваат Белорусија што се вплткува во војната на Путин, после случајот со лансирање проектили кон Украина од белоруска територија.

„Режимот на Лукашенко продолжува да ѝ дозволува на Русија да ја користи територијата и воздушниот простор на Белорусија, да ја напаѓа Украина и да убива цивили“, се вели во соопштението на Стејт департментот на САД каде се нагласува „американската осуда на Минск, затоа што ѝ дозволи на Русија да изврши злосторства во Украина“. САД, заклучува во соопштението, дека „ќе продолжат да бараат од режимот одговорност за своите постапки“.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....