02:29 - 2 април, 2026

Заврши романсата на Игор Џамбазов и Илина, далечината е виновникот: „Некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“

Игор веќе не е со неговата голема љубов, алпинистката и уметница, Илина Арсова. Илина си замина на докторски студии во Америка, Игор пак, си најде мирно место за живеење, во село Стрезовце, во близина на Куманово

За крајот на нивната љубов, Игор зборува во „Слободен печат“.

– Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно. Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави ушт во првите денови на нашата љубов. И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина. Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ – вели Игор и продолжува:

– Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои. И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години. Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден, објаснува Игор.во разговор за  Слободен печат .

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....