5.8 C
Скопје
05:36 - 1 април, 2026

Замина уште еден урбан лик, почина Драги Шпага: Ја загуби битката со карциномот

Драги Христов, попознат како Драги – Шпага, првиот македонски учесник во реално шоу, почина на само 52 годишна возраст.

Причината за смртта е карциномот на белите дробови со кој се борел краток период од дијагнозата.

Скопјани ќе го помнат како еден од урбаните ликови кој го сакаше градот, градскиот живот, ноќните излегувања во трендовски кафулиња, но и по екстравагантната облека често со светки.

Пошироката македонска јавност сепак го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. Реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“. Шоуто се прикажуваше на МТВ, а подоцна имаше обиди за негови варијации на други телевизии. Драги – Шпага беше токму победникот во првата сезона на ова реално шоу, а како награда тогаш доби автомобил „Шевролет – Матиз“.

Во спонзорство на македонски познат секс-шоп, Драги стана еден период и актер на порно комедијата насловена Жена ми МИра пак мастурбира.

Короната беше уште еден предизвик за Драги Шпага, вирусот едвај го преживеа, а потоа се соочи и со срашната дијагноза.

Драги беше погребан вчера, во кругот на најблиското семејство.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....