5.8 C
Скопје
16:07 - 21 февруари, 2026

За влез во Венеција: од јануари 2023 резервација и такса од 3-10 евра, еве како ќе функционира

По пандемијата, градот повторно се соочува со еден од најголемите проблеми: пренатупаноста од туристи. Решението е во резервација и такса за пристап. Еве како ќе функционира.

Од јануари 2023 година, официјално е, туристите во Венеција ќе влегуваат со влезен билет, чија цена ќе варира од 3 до 8 одосно до 10 евра во зависност од тоа дали е ден за зелена, црвена или црна маркичка. Односно, во зависност од тоа колку туристи се очекуваат во градот конкретно тој ден. Ќе платите однапред со Paypall картичка и банкарски трансфер или на лице место во зависност од тоа колку туристи навистина се присутни во градот.

Венеција по пандемијата повторно се соочува со својот најголем проблем, прекумерниот туризам, со сите непријатности што произлегуваат од тоа: илјадниците туристи (до 100 илјади во историскиот центар), брановите создадени од моторните чамци, произведениот отпад, куќите што се трансформираат во ноќевање со појадок и социјалното „ткиво“ кое се повеќе се губи (во Венеција има еден жител за 73,8 туристи) предизвикаа да се преземат мерки.

Ситуација, која според градските власти, е вон контрола денес тие се обидуваат да ја регулираат преку резервацијата и таксата за пристап. Сите туристи кои ќе влезат во Венеција, а кои се надвор од регионот, ќе платат билет, а предност ќе имаат оние кои рано резервираат, обезбедувајќи си попусти за музеи, водни автобуси и паркинг.

„Да бидам јасен: нема ограничен број“, објаснува градоначалникот Луиџи Бруњаро, кој го објаснува проектот што е наречен „град што може да се резервира“. „Она што загрижува – продолжува тој – се секојдневните тури кои пристигнуваат ненадејно наутро, а заминуваат навечер и често создаваат блокади во градот. Го проучувавме овој систем на награди: оние што резервираат однапред исто така можат да имаат корист од помала такса за пристап во градот“.

 

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....