7.8 C
Скопје
08:01 - 2 април, 2026

За малку ќе умрела: Славната Пинк призна дека се предозирала со дрога

По 25 години успешна музичка кариера, Пинк сè уште се чувствува како аутсајдер и покрај тоа што само оваа година продаде билети од 350 милиони долари ширум светот.

Познатата американска пејачка Пинк, која работи во различни жанрови – од рок, поп, R&B до хип-хоп и денс-поп – ја сподели приказната за предозирање со дрога на телевизиската програма The 60 Minutes Interview, емитувана на каналот CBS News.

Пинк призна дека на 16-годишна возраст, неколку недели пред да го потпише договорот за првиот албум, за малку ќе умрела од предозирање со дрога.

„Бев панкер. Во суштина, пораснав во куќа каде што секој ден моите родители викаа еден на друг, фрлаа работи. Се мразеа. А потоа се навлеков на дрога. Продавав дрога. И потоа ме избркаа и од куќата и бев избркана и од училиште“, се сеќава добитничката на престижната награда Греми.

Пинк се сеќава дека присуствувала на рејв забава на Денот на благодарноста и направила голема количина „екстази, ангелска прашина, кристал, секакви работи“.

После тоа постепено се вратила во живот и кога ѝ било понудено да настапи на хип-хоп забава, пејачката им ветила на организаторите дека никогаш повеќе нема да се дрогира.

Подоцна Пинк стана членка на групатадевојки R&B Choice и потпиша договор со LaFace Records. Во 2000 година, пејачката ја започна својата соло кариера.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....