7.8 C
Скопје
01:20 - 19 март, 2026

Врвен хирург открива од што боледува Кејт Мидлтон: „Има шанси оваа приказна да има среќен крај“

Откако Кејт Мидлтон објави дека ѝ е дијагностициран рак, ниту таа ниту палатата Кенсингтон не дадоа нови информации за нејзиното здравје.

Она што е сигурно е дека до понатамошно известување ќе добива хемотерапии и дека сигурно нема да се врати на службените обврски до крајот на годинава.

Иако се уште не е официјално објавено каков точен тип на рак има Кејт, американскиот лекар Марк Сигел зборуваше на оваа тема, кој го кажа своето мислење за вестите на „Фокс“.

„Еден од шефовите на онкологија во Институтот за рак Лангоне во Њујорк мисли дека се работи за рак на дебелото црево. Абдоминалната операција на која беше подложена веројатно се должи на Кронова болест, што значи дека веројатно таа имала ресекција на дебелото црево. Воспалителната болест на цревата, генерално, го зголемува ризикот од рак на дебелото црево “, изјави д-р Сигел за „Фокс њуз диџитал“.

Да потсетиме, уште во ноември 2012 година на Кејт ѝ беше дијагностицирана болест на дигестивниот систем.

„Многу е можно за време на операцијата на абдоменот да ѝ бил дијагностициран рак. Сето тоа заедно би ја објаснило причината за нејзиното долго отсуство од должностите“, истакна докторот, пренесува српски Курир.

Своите сомнежи докторот ги повтори и во изјавата за „Фокс њуз“, но своето размислување го поткрепи со мислење на други експерти.

„Неколку експерти, врвни онколози и колоректални хирурзи, ми го потврдија истото, а тоа е дека Кејт Мидлтон веројатно има или ран рак на дебелото црево или рак на цревата кој е отстранет и хируршки излечен. Но, исто така, е можно да има рак на јајници или рак на матка“, рече д-р Сигл.

Заклучил и дека има големи шанси оваа приказна да има среќен крај.

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....