5.8 C
Скопје
22:23 - 16 март, 2026

Водителката Цеце од „Телма“ објави лута слика- патот ѝ е попречен

Водителката Цеца Тодосовска од ТВ Телма е весел и позитивен лик, но овојпат имаше за што многу да се налути и тоа го покажа на социјалните мрежи. Таа е инаку спортски тип и оди на работа со својот велосипед.

Цеце објави слика од ѓубрето на скопските тротоари кое со недели не е собрано, и напиша: Буквално нема каде да се помине! И претходно, таа објавуваше слични фотографии, како и други граѓани на Скопје.

Цеце е мајка на два сина и седум години е во брак со Столе за кој рече дека ѝ е најголемата поддршка, а целото семејство заедно ужива во прошетките и возењето велосипед во природа.

-Едно време сама си го поставував прашањето како ќе се снајдам низ животов со тројца мажи… си велев „или ќе ме чуваат или ќе ме полудат“. Понекогаш и таткото се однесува како трето дете, но, ете, се излегува на крај со сè.

Сега-засега супер ни е на сите, посакувам да е така секогаш! Во однос на мајчинството, не мислам дека сум престрога, но сметам дека граници мора да постојат, а тие ги одредуваат родителите“, изјави таа неодамна за „Слободен печат“.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....