09:51 - 13 ноември, 2026

Водител во емисија ги шокира кога откри дека се роднини, Кевин Бејкон и Кира Сеџвик по 23 годни брак дојдоа до неверојатно сознание

Холивудската двојка Кевин Бејкон и Кира Сеџвик дознале дека се далечни роднини, а до ова откритие дошле случајно по цели 23 години во брак.

Ова шокантно сознание се случило во емисијата „Finding Your Roots“ која се занимава со проучување на семејните стебла на познатите и кога водителот на емисијата, Хенри Гејт Луис, покажа ДНК докази кои илустрираат дека Кира Сеџвик и Кевин Бејкон се роднини по деветто колено, што значи дека Кира е братучедка на Кевин.

Кира призна дека целото искуство било „малку шокантно“. Сепак, тие добиле објаснување дека оваа појава е многу почеста отколку што се мисли.

Всушност, ако двајцата партнери имаат француско-канадско потекло или колонијални американски корени – големи се шансите тие да се братучеди.

Тие двајца се венчаа во 1988 година, кога Кевин имаше 30 години, а Кира 23, а денес имаат две деца и важат за еден од најстабилните холивудски парови.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....