6.8 C
Скопје
01:14 - 6 октомври, 2026

Во Грција мајка осомничена за грозоморно убиство на трите ќерки, сите починале под мистериозни околности

Обвинението е застрашувачко: 33-годишната мајка, Рула Писпиригу, од Патра, Грција, уапсена е за убиство со умисла на најмалку една од нејзините три ќерки, Георгина (9). Но, полицијата започна и истрага за да се обиде да открие дали жената е одговорна и за смртта на другите две ќерки, Малена од 3 и пол години и Ирис од 6 месеци, кои починаа во април 2019 година и март 2021 година, соодветно (според форензичките извештаи) едното – поради откажување на црниот дроб, а другото-поради сомнителна срцева мана.

Георгина пак, станала квадриплегична откако претрпела насилни конвулзии во април 2021 година. Таа почина оваа година, во јануари, дваесет минути откако ѝ била дадена смртоносна доза кетамин, откако помина осум месеци во болница. При преглед на нејзиното мускулно ткиво било откриено присуство на анестетикот, кој, сепак, не бил препишан од лекари. Медицинските сестри тогаш потврдиле дека мајката била оставена сама со ќерката непосредно пред нејзината смрт.

Според обвинението, кога детето починало, нејзината мајка била единствената присутна во болничката соба, а таа ги известила лекарите со речиси 35 минути задоцнување.

Рула Писпиригоу, е во притвор во затворот со максимална безбедност Коридалос во близина на Атина, Грција, но продолжува да ги негира сите обвиненија. Во меѓувреме телата на нејзините две други мртви ќерки се ексхумирани за да се испитаат примероци од ткиво (резултатите треба да пристигнат за неколку дена).

Писпиригу побарала и нова анализа на крвта за Георгина, но нејзиното барање било одбиено. Во овој момент, жената инсистира да се изврши на сопствен трошок, во приватна лабораторија во Франција.

Пронајден е и таблет кој бил ставена во ковчегот до Георгина бидејќи според истражителите тој можел да обезбеди дополнителни докази. Таблетот бил погребан со телото бидејќи, според мајката, тоа било „омилен предмет“ на ќерката.

Таткото на девојчињата и поранешен сопруг на жената, Манос Даскалакис, е убеден дека Рула Писпиригу ги убила сите нивни ќерки Малена, Ирис и Георгина. Но, адвокатот на обвинетата, Отонас Пападопулос, гостин во телевизиска програма, се спротивстави: „За да се оцени таквото тврдење, тоа мора да биде оправдано. Тоа е субјективно мислење, предвремено изразено“.

Слични објави

Кеба проговори за свадбата на синот и бремената девојка: Кога се слави, нека се слави!

Еспресо

Теодора Џехверовиќ го објави списокот на сите естетски корекции

E.A.

„Ослабев 6 килограми, ама не како Сека Алексиќ“: Дара Бубамара во провокативно издание упати остри стрели кон колешката

E.A.

По смртта на Оливер Драгојевиќ, семејниот бизнис пропадна: Станот во Сплит е поделен, ова е вистината за наследството

Еспресо

„Харис Џиновиќ имаше афера со келнерка“: Водител изнесе скандалозни тврдења за бракот на пејачот и Мелина

Еспресо

Крајот на годината носи пресврт — овие три хороскопски знаци ги очекуваат најголеми промени до крајот на 2026 година

К.С
Се вчитува....