7.4 C
Скопје
21:41 - 10 март, 2026

Во екот на славата Неда Украден му пееше придружни вокали, го имаше најголемиот хит во Југославија, а сега живее со пензија од 170 евра

Сеид Мемиќ Вајта беше фронтмен на групата „Тешка индустрија“ во текот на 1975 и 1976 година и брзо го стекна статусот на еден од најинтересните ликови на југословенската музичка сцена. Неговиот глас и харизма оставија неизбришлив белег на поп и рок музиката на поранешна Југославија.

May be an image of 11 people
Facebook

Еден од најзначајните моменти во неговата кариера беше неговиот настап на Евровизија во 1981 година. Вајта ја претставуваше Југославија со песната „Лејла“ и го освои 15-то место. Настапот на Евровизија останува еден од симболите на неговата кариера и потврда за неговиот уметнички придонес на југословенската музичка сцена.
Кога настапувал на Евровизија, Неда Украден му пеела придружни вокали.

Вајта рано останал без татко, што го принудило да заработува за живот на петнаесетгодишна возраст. Работел на разни работни места – во фабрика, како молер, кројач, па дури и во леарница во Австрија. По враќањето од странство во 1971 година, почнал да дизајнира и да продава хипи накит, а истовремено пеел во групата „Везири“.

Денес, иако плаќал придонеси веќе 40 години, Ваита се соочува со скромен приход во пензија – 326 марки, или околу 172 евра. Ова дополнително фрла светлина врз тешката реалност на многу уметници кои придонеле за културата во своите кариери, но немаат соодветна материјална сигурност во староста, пишува Story.rs.

Слични објави

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо
Се вчитува....