7.8 C
Скопје
21:29 - 31 март, 2026

Во четврток во МКЦ: Претстава „ГЛУМиЦИ“

Овој четврток на репертоар во Младинскиот културен центар е претставата „ГЛУМиЦИ“. Се работи за колективно авторство во продукција на добропознатото независно театарско здружение „Артопија“. Дизајнот на сценскиот простор е на Ненад Тонкин. А музичката подлога е на маестро Дино Имери.

Претставата учествуваше во минатогодишното издание на меѓународниот театарски фестивал „Млад отворен театар“ и на истото ја доби наградата „БИШ“ – најдобра претстава на МОТ 2022.

Артопија за претставата: „Оваа претстава ја сонуваме 10 години. Почнувавме да ја правиме неколку пати. Последниот пат кога почнавме, решивме да не ја завршиме никогаш. Прашање е дали ГЛУМиЦИ е воопшто претстава за глумици или за глумци, за театарот, за сите нас во него или за него во светот, за славата, блесокот, за сето она за што мечтаеме, за страдањето, за носењето на својот крст и верувањето. Можно е да не е. Можно е да не е ни претстава. Можно е да е нешто повеќе. Не знаеме. Не знаеме ни дали никогаш досега не сме го правеле ова или отсекогаш сме го правеле токму ова. Да пробаме заедно, па ќе видиме.“

Претставата ќе започне во 21 часот во сала 25 мај. Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

 

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....