21.8 C
Скопје
17:39 - 5 април, 2026

Владо Јаневски замина во Австралија, таму е неговата најголема љубов

Владо Јаневски е во Австралија, во Сиднеј, токму каде што живее Вера, неговата најголема љубов и поранешна менаџерка.

За Владо беше познато дека долги години беше во врска со Вера Велевска, која му беше и менаџерка и се грижеше за неговата кариера. Пред околу 15 години години, Вера ја напушти Македонија.

Вера Велевска (Фото: Фејсбук)

Таа се пресели во Австралија, каде што како што тогашните медиуми пишуваа, долги години живеат нејзините деца и таа замина да живее кај нив.

Владо Јаневски и Вера Велевска (Фото: Фејсбук)

Во 2015 година, медиумите пишуваа дека и Владо ја напушта Македонија, и заминал на Флорида.

Потоа, магазинот „Убавина и здравје“ објави дека Владо не е во Америка, туку во Австралија, и заминал кај Вера.

Вера Велевска (Фото: Фејсбук)

Вера е сега во Сиднеј, а токму во Сиднеј настапил Владо Јаневски изминатиов викенд. „Арена евентс“ објави видео од нашиот пејач како ја загрева атмосферата во клубот каде што настапил, а бил полн до последно место.

Фото/ Фејсбук

Не е познато во јавноста дали и Вера била на овој настап да го гледа Владо Јаневски.

 

 

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....