11:10 - 5 декември, 2025

Владо Георгиев обвинет дека ја украл тетратката со песни на Роѓа Раичевиќ! Пејачот се огласи: „Не беше ни некој автор…“

Владо Георгиев, кој е присутен на музичката сцена повеќе од 25 години и зад себе има бројни хитови, деновиве се најде во центарот на контроверзи.

Една корисничка на ТикТок директно го прозва пејачот, тврдејќи дека ја зел тетратката  со необјавени текстови на прерано починатиот пејач Роѓа Раичевиќ.

Наводите брзо стигнаа и до самиот Георгиев, кој веднаш се огласи со жестока порака.

„Доколку некој ги познава родителите или старателите на оваа мутавa тиктокерка, нека им каже да ме контактираат пред нивната ќерка да заврши на суд“, напиша тој.

Тој додаде дека ќе поднесе тужба против секој што ќе продолжи да ги шири овие приказни на социјалните мрежи.

„За почеток ќе биде еспресо, а потоа ќе видиме“, порача Георгиев.

Пејачот се огласи и на мрежата „Икс“, каде што повторно ги демантираше наводите.

„Постојат квалитетни установи што можат да ви помогнат, доколку сте поверувале на лагата од пред 15 години поради која многумина завршија лошо на суд. Можете да погледнете колку песни сум работел за Роѓа и за други пејачи пред мојата соло кариера. Роѓа не бил ни автор. Поздрав и памет во глава“, напиша Георгиев.

За наводната тетратка со текстови на Роѓа Раичевиќ се зборува веќе подолго време. Неговата пријателка Билјана Вујовиќ пред неколку години изјави: „Многумина знаат за таа приказна. Чув дека по смртта на Роѓа, тетратката ја зел негов близок пријател и колега. На почетокот не верував, но потоа се уверив дека има вистина во тоа. Многу брзо потоа, тогаш речиси непознат пејач, почна да снима албуми со хитови. Тој стана познат и ценет, а луѓето веруваат дека самиот ги пишувал песните. Мене ми е жал што тоа никогаш нема да се дознае“.

Вујовиќ додаде дека тој пејач подолго време не објавува нови песни и претпоставува дека, ако навистина ја зел тетратката, можеби веќе ги искористил сите текстови.

„Но, не се грижам, такви примери има и ќе има. Не е ни првиот ни последниот што така ќе ја продава маглата,“ заклучи таа.

Слични објави

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin
Се вчитува....