4.8 C
Скопје
19:51 - 27 март, 2026

Владо Георгиев доцнел еден час на концертот во Белград, незадоволната публика бара дел од парите назад

Популарниот пејач Владо Георгиев синоќа одржал концерт во белградската арена, меѓутоа, дел од публиката е незадоволна од причина што концертот доцнел еден час, така што многумина своето незадоволство го изразија на социјалните мрежи.

Концертот требало да почне во 21 часот, а во меѓувреме, публиката ја забавувал долгогодишниот пријател на Георгиев и гостин на концертите – Игор Лазиќ Нигор, пишува српски „Информер“.

Незадоволните обожаватели кои дошле на концертот на Георгиев се огласиле преку Инстаграм, а било споделено и видео од местото на настанот. Една девојка се пожалила дека чекаат еден час, а Белградската арена не е ни полна.

По повод концертот на пејачот Владо Георгиев, по бројните поплаки од незадоволни посетители, се огласило Здружението на потрошувачи „Ефектива“.

Концертот во Белградската арена започнал со повеќе од еден час доцнење, што предизвикало незадоволство кај посетителите. Поради ова, некои од нив изразија сомневање дека пејачот, како што се случи и претходно, можеби бил под дејство на алкохол и заборавил да излезе на сцената.

Поради големиот број поплаки, Здружението „Ефектива“ истакнува дека незадоволните посетители имаат право на правно намалување на цената на билетот. Причината е што некои морале да го напуштат концертот порано и немале можност да ги слушнат сите нумери до крај.

„Синоќешниот концерт на Владо Георгиев започна со еден час задоцнување. Неколку посетители нè прашаа дали имаат право на намалување на цената на билетот, бидејќи не можеле да присуствуваат на целиот концерт. Наше мислење е дека за ова постои основа. Одговорноста лежи кај продавачот на билети, до кого корисниците можат да испратат писмено барање за враќање на дел од парите“, соопштиле од здружението.

Други корисници на социјалните мрежи се придружиле на жалбите, изразувајќи гнев поради истите проблеми.

„И неговата солза има 1,5 промили алкохол“, „Се опил“, „Ужас, непочитување кон публиката“, „Истото го направи и пред 10 години“ – ова се само дел од коментарите што се појавија на социјалните мрежи.

Георгиев следниот концерт треба да го одржи на 13 декември.

 

Слични објави

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо

(Видео) Најпознатата српска инфлуенсерка проба хот-дог од 100 евра – злато, кавијар и оцена 10 од 10!

Еспресо

(Фото) Раперот Нучи итно хоспитализиран: Среде ноќ, со фотографија ги загрижи сите

Еспресо

(Видео) Среде настап ѝ паднаа забните навлаки – Манекенка од Тајланд ја освои публиката со смирена реакција на сцена

Еспресо

Тозовац ги оставил синовите без наследство: Еве на кого легендарниот пејач му оставил куќа, два стана и пари

Еспресо
Се вчитува....