11:07 - 13 ноември, 2026

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ се потсети на почетоците од својата кариера во групата „Магазин“ и откри во какви односи била со Вјекослава Хуљиќ — сопругата на Тончи Хуљиќ и мајка на Хана Хуљиќ, со која нејзиниот поранешен долгогодишен партнер Петар Грашо стапи во брак.

Мартиновиќ истакна дека уште на самите почетоци во групата имала голема поддршка од Вјекослава, која ја доживувала како втора мајка и извор на женска сигурност:

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година, односно откако дојдов во ‘Магазин’.  Кога почнував, во Вјекослава чувствував женска сигурност и често знаев на фестивалите да ѝ седнам во скут. Навистина чувствував мајчинска сигурност кај неа, а тоа нема врска со годините, туку со она што го носите во себе“.

Вјекослава Хуљиќ исто така упати низа комплименти за Данијела, истакнувајќи дека во 90-тите години таа израснала во една од најголемите музички ѕвезди на тие простори. По раскинувањето со Грашо, Данијела ја пронајде среќата покрај поранешниот инспектор Јосип Плавиќ, кого го опишува како свое сигурно пристаниште и најголема поддршка.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....